Најдобрите извори на хранливи материи во текот на зимата

Фото: Unsplash
283

Во зимските месеци се зголемува внесот на храна со намален дел од витамини и минерали неопходни за нашето тело. Тоа има негативни последици врз имунитетот и целокупното здравје.

Зимата е сезона во која треба да посветиме посебно внимание на начинот на кој се храниме за да го одржиме доброто здравје. Поради ниските температури надвор, повеќе време поминуваме во удобноста на нашиот дом и многу повеќе седиме пред телевизор или компјутер. Се движиме помалку и повеќе јадеме, па често добиваме неколку килограми вишок. Во текот на останатите сезони на располагање ни се сезонското овошје и зеленчук и сосема е природно да ги подготвуваме и конзумираме, особено ако ги имаме во својата градина. Во текот на зимата ситуацијата е понеповолна, овошјето и зеленчукот не се на дофат, па нашите оброци често се посиромашни со вредни хранливи материи. Ова може да биде закана за здравјето на нашиот организам, неговата сила и форма. Затоа одбравме за вас неколку намирници во кои ќе ги најдете најпотребните хранливи материи во овој период од годината.

Топ 7 намирници за зимска исхрана
портокали (витамини А, Ц, фолна киселина, минерали калциум, калиум, диетални влакна)
интегрални житарки (витамини Б1, Б2, Б6, Д, минерали калиум, магнезиум)
сладок компир (витамини А, Ц, Б5, Б6, манган)
грав (одличен извор на протеини, диетални влакна, железо, магнезиум, витамини од групата Б)
темно чоколадо (антиоксиданти, магнезиум, калциум, железо, цинк, манган)
тиква и нејзините семки (витамини А, Ц и Е, железо, манган, калциум, цинк, зеаксантин)
јаткасти плодови (богати со протеини, диетални влакна, здрави масти, калциум, железо, витамин Е, цинк, магнезиум)


Зошто да се посвети посебно внимание на исхраната во зима?
За разлика од другите годишни времиња, зимата е период на одмор и намалено движење, што во голема мера влијае на многу процеси во телото, вклучувајќи го и метаболизмот. Бавниот метаболизам е една од причините за таложење на несакани килограми.
Зимата е периодот кога консумираме повеќе конзервирана, тешка и калорична храна, а помалку овошје, зеленчук и свежа храна. Ова може да доведе до вишок телесна тежина.
Во зимските месеци се зголемува внесот на храна со намален дел од витамини и минерали неопходни за нашето тело. Тоа има негативни последици врз имунитетот и целокупното здравје.
Недостатокот на витамини може да предизвика замор, слабост, недостаток на енергија, но и некои посериозни состојби кои се опасни по здравјето.
Во студените зимски денови поминуваме малку време на свеж воздух, а престојот во затворени топли и суви простории резултира со слабеење на имунитетот, па затоа сме поподложни на разни бактериски и вирусни инфекции.