Списанието Journal of Nutrition објави студија во која е откриено дека палминото масло, во споредба со другите растителни масла со помалку заситени масти, го зголемува нивото на лошиот холестерол.
Кога станува збор за здравјето на срцето, високиот холестерол е една од најголемите закани. Кога нивото на холестерол ќе ви стане превисоко, вашето тело почнува да складира масти, што пак може да ги запуши крвните садови.
Најдобро е да го намалите холестеролот со промена на начинот на живот и промена на исхраната. Првата промена може да биде да се одлучите за поздрав вид на маслото што го консумирате.
Секако, најлошото масло за холестеролот е палминото масло.
Зошто палминото масло е лошо?
Списанието Journal of Nutrition објави студија во која е откриено дека палминото масло, во споредба со другите растителни масла со помалку заситени масти, го зголемува нивото на лошиот холестерол.
Според списанието Harvard Health, заситените масти во палминото и кокосовото масло, црвеното месо, путерот и повеќето сладоледи се штетни за здравјето и треба да се консумираат умерено.
Палминото масло можете да го замените со сончогледово, со она од маслодајна репка или со ленено масло, за кои истражување од 2018 година покажало дека се најдобри за намалување на холестеролот.
Успешни биле и другите масла, како маслиновото масло, но подобри резултати покажале маслата од семки, пишува Eat this.