Најубавиот рецепт за медени колачи: Можат да траат и до 1 месец

Фото: Unsplash
1.381

Медените колачиња се едни од најпопуларните божиќни колачиња, а ние ви го пренесуваме наједноставниот рецепт со чија помош сигурно ќе излезат совршено. Најдобро од сѐ е што можат да траат еден месец во метална кутија, а доколку сакате да им дадете свежина, повремено ставете парче јаболко во кутијата.

Со нашиот рецепт за медените колачиња нема да згрешите. Колачите можат да траат еден месец доколку ги чувате во метална кутија, но ако сакате куќата да ви мириса на печени колачи баш за Божиќ, можете претходно да го направите тестото и да го чувате во фрижидер. Така, бидејќи веројатно ќе имате многу работа околу Божиќниот ручек, кога тестото за колачите ќе ви биде веќе спремно во фрижидер, ќе треба само да го извадите малку порано за да се опушти на собна температура и за да можете полесно да развлечете кора, да направите форми со калапите и да ги испечете. Ако па решите да ги направите претходно, на пример, претстојниот викенд и да ги чувате до Божиќ во метална кутија, за да им дадете свежина, повремено ставете парче јаболко во кутијата.

Еве го и рецептот:

Состојки:

15о г путер
150 г мед
350 г брашно
100 г мелени ореви (ако не ги сакате или сте алергични на јаткасти плодови, слободно исфрлете ги)
2 помали или 1 големо јајце
1 лажичка сода бикарбона
зачини по желба (цимет, каранфилче, ѓумбир…)
Ако сакате можете да додадете и 2-3 лажици какао во смесата, па колачите ќе добијат убава чоколадна боја и ќе имаат побогат вкус.

Приготвување:
Во поголем сад ставете го брашното, додадете сода и ореви и убаво измешајте. Ако сакате да користите зачини, додајте ги во брашното во оваа фаза на подготовка. Во брашното ставете го путерот исечен на тенки ленти и издробете го со прстите.
Додадете го изматеното јајце во смесата со брашно и путер и повторно измешајте. Во смесата додадете мед и со раце замесете тесто, а потоа завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер еден час.
Откако ќе се излади, извадете го тестото. Можете да расукате кора и да ги вадите колачите со калапи, а можете и да ги обликувате со раце. Оставајте простор меѓу нив во тепсијата бидејќи ќе нараснат за време на печењето благодарение на содата.
Печете ги во рерна загреана на 180 степени Целзиусови 10 минути или додека не забележите дека работ на колачите е темно кафеав. Не се грижете ако се малку меки одозгора, ќе се стврднат подоцна.

Глазура за украсување:
За бела глазура ви требаат:

100 г шеќер во прав
3 големи лажици сок од лимон

Измешајте ги шеќерот и сокот од лимон. Глазурата не треба да биде премногу густа, но и да не се разлева. Проверете дали е како што треба така што ќе земете со лажица и ќе оставите да падне. Ако пребрзо паѓа значи дека е премногу течен, па додадете уште малку шеќер, а ако е премногу густ и тешко се одвојува од лажицата разредете го со малку сок од лимон.

Украсувајте со помош на вреќичка за украсување, но ако немате, послужете се со обична кеса за замрзнување. Ставете ја смеса за украсување во едниот крај од кесичката и потоа со ножички внимателно направете многу мал отвор низ кој ќе ја истиснувате врз колачите. Дупчето мора да биде навистина мало за да биде тенка глазурата што ќе излегува од неа.

Наместо кесичка, можете да направите мал ролат од мрсна хартија за печење.

Плус совет:

  1. Љубителите на чоколадо можат да додадат