На предновогодишна здравица со крафт пиво

286

Традиционално крајот на годината се одбележува со уште еден пивски салон во организација на порталот за промоција на пиво и ширење на пивска култура сакампиво.мк.

Во сабота (25.12.), од 14 часот, во Бест Вестерн – хотел Турист почнува шестиот зимскиот пивски салон, кој во декември, годинава се одржува по третпат.

Пивскиот салон е посветен на македонските занаетчиски пивари и домашните пивари од хоби, дел од увозните пивски брендови, дестилерии, увозници на опрема.
„Зборот „крафт“ во уметничкиот свет традиционално се користи за да се опишат еден вид на уметнички дела, а во пиварството се користи за да се создаде пиво со креативни рецепти и уметнички пристап до неговото финално создавање.

„Во неколку истражувања откривме дека многу уметници се инспирирани од самите материјали, но и од односот кон овие две навидум различни сцени, да не кажам индустрии. Овие уметници ја превземаат пивската уметност на едно повисоко ниво. Тие го користат не само пивото за да насликаат со него одредено дело, туку и парчиња од лименките, етикетите, тапите, па и самите шишиња за да ги направат своите креации кои се движат од реални до апстрактни и секој од нив си остава свој белег.

Исто како и сцената на занаетчиското пиво, таа не само што е локална, туку е и глобална.

Сакам пиво.мк на пивските салони се обидува да го направи тој креативен спој на уметноста како занает и уметноста да се направи добро занаетчиско пиво, да ги инспирира локалните уметници да направат креации од пивските „остатоци“ и тие да се презентираат на некој од пивските салони, од дизајн на етикетата на пивото со давање на чиста слобода во нивната креативност, до создавање на одредени креативни парчиња од самите пивски шишиња, тапи, лименки и сл. Вие имате вкус, ние имаме пиво”, вели организаторот Марјан Костадиновски, сопственик на порталот за промоција на пиво и ширење на пивска култура сакампиво.мк. .

За ова издание ќе мора да се почитуваат сите протоколи и препораки од министерството за здравство, меѓу кои и задолжителен сертификат за двојна вакцинација, ПСР тест не постар од 72 часа или сертификат за прележан ковид во изминатите 30 дена.