Не демне голема опасност од храната што ја јадеме: Микропластиката останува во нашиот организам во големи количини

Фото: Freepik
270

Вечерата од пластична амбалажа имала повеќе од 200.000 пластични честички во себе. Станува збор за парчиња помали од милиметар кои се создаваат со распаѓање, а се невидливи за око. Научниците предупредуваат дека секојдневното консумирање храна од пластична амбалажа акумулира околу 10 грама пластика во телото.

Миризливо печење, компири, шарен зеленчук. Звучи како совршена празнична вечера. Малкумина ја гледаат опасноста во оваа чинија. Дури и кога ќе ја подготвите храната дома, не сте безбедни. Ако намирниците доаѓаат со пластична амбалажа, тогаш ве демне опасност во вид на микропластика која ја има во храната, а потоа останува и во нашиот организам во големи количини.

„Најдовме седум пати повеќе микропластика во храната од пластична амбалажа отколку во храната која доаѓа без пластика“, вели д-р Феј Кусеиро од Универзитетот во Портсмут.

Вечерата од пластична амбалажа имала повеќе од 200.000 пластични честички во себе. Станува збор за парчиња помали од милиметар кои се создаваат со распаѓање, а се невидливи за око. Научниците предупредуваат дека секојдневното консумирање храна од пластична амбалажа акумулира околу 10 грама пластика во телото.

Микропластиката во храната стана невозможно да се избегне, предупредуваат тие. Честичките се во почвата, воздухот, водата.

„Сите утврдивме дека е присутна во нашето тело и останува таму во големи количини. Но, сè уште не знаеме што му прави. Сега го истражуваме тоа”, објаснува професорот Шаџи Себастијан од Универзитетската наставна болница во Хул.
Дали предизвикува штета, вели, рано е да се каже. Се предвидува дека глобалното производство на пластика ќе се удвои во следните две децении, а во светските океани ќе има дури три пати повеќе пластичен отпад.