Не фрлајте леб, направете кубети

424

Од секогаш било греота да се фрла леб, ама сега, откако стана ексклузивна намирница, не само што е греота, туку е и вистинска штета

Секогаш сме велеле дека е греота да се фрла леб, а сега, откако достигна астрономска цена, навистина веќе никому не треба да му паѓа на памет такво злодело.

И не затоа што има гладни деца во Африка, туку зашто има гладни деца и кај нас, а како тргнало со цената на лебот, ќе ги има се повеќе и повеќе.

Затоа, ако по грешка купите некој леб кој потоа ќе сфатите дека не ви е по ќеиф или пак е веќе стар и невкусен, можете да го направите вкусен.

Исечкајте го на коцки и пропржете ги на ладно цедено сончогледово масло, а откако ќе се испржат, зачинете ги по вкус.

Ние ставивме сол, црвен пипер, буковец, кари и суво нане.

Ќе барате уште!