Нова и здрава верзија на еден празничен класик: Божиќен венец кој може да трае една недела

Фото: Freepik
310

Некои од класиците кои често се прават за празници е и овој венец или куглоф кој се прави за празници како Божиќ и Велигден затоа што, иако е едноставен, дава голема можност за декорирање. Овојпат ви даваме рецепт за една нова поздрава, но не помалку вкусна варијанта

Овој колач е празнична класика, но овојпат во интересна, многу ароматична и здрава варијанта. Исклучително лесно и брзо се подготвува, а можете да го послужите за појадок или ужина за целото семејство.

Смесата подготвена по овој рецепт може да се подели и на мали калапи за мафини и на тој начин да се подготви здрава ужина која децата ќе можат полесно да ја изедат или да ја понесат со себе.

Состојки: (за 8 лица)

300 г свежи моркови

180 г брашно

60 г мелени бадеми

140 г путер од кикирики

3 јајца

150 г шеќер

1 пакетче прашок за пециво

рендана кора од еден портокал

прстофат сол

шеќер во прав

Приготвување:

Морковите се мелат во блендер, па се додаваат путерот и жолчките и се продолжува со мешање додека не се добие портокалов крем. Во посебен сад се матат белките и шеќерот, се додаваат ренданата кора од портокал и портокаловиот крем од моркови и се меша уште еднаш.

Во смесата се додаваат мелените бадеми и брашното измешано со прашокот за пециво и уште еднаш убаво се мешаат сите состојки.

Калап во форма на венец или калап за куглоф со дијаметар од 24 цм се премачкува со путер и се поросува со брашно. Истурете ја смесата во калапот и печете во рерна загреана на 175 степени 35 до 40 минути.

Проверете со чепкалка дали тестото е печено пред да го извадите колачот. Ако чепкалката излезе сува, тоа значи дека колачот е испечен и можете да го извадите.

Оставете го малку да се излади и потоа извадете го на плех. Поросете со шеќер во прав и послужете.

Можете да го премачкате и со чоколадо. На пареа растопете 140 грама чоколадо за готвење, една лажичка мед и 80 грама путер. Прелијте го венецот и ставете го во фрижидер да се стегне. На собна температура, оваа торта може да трае една недела.