Нога ли е, торта ли е? Шминкерка создава оптички илузии на своето тело

Фото: Инстаграм
225

Шминкерката Мими Чои која живее во Ванкувер, Канада, има над 1,3 милиони следбеници на Инстаграм поради тоа што го прави. А тоа што го прави се уникатни, уметнички оптички илузии со кои го трансформира своето тело, меѓудругото, во храна

Шминката генерално се користи за подобрување на природната убавина, но понекогаш луѓето ја ослободуваат својата креативност со неа на многу уникатен начин. Шминкерката Мими Чои има над 1,3 милиони следбеници на Инстаграм поради тоа што го прави.

Таа го трансформира своето тело во уметнички и убави оптички илузии. Прави нејзините нозе да изгледаат како банани или кактуси, а рацете да изгледаат како сендвичи или виршли.
Таа за Bored Panda раскажува повеќе за тоа како почнала да ги создава овие уникатни мејкап изгледи: „Отсекогаш сум се занимавала со уметност и шминка, уште од детството, но никогаш не помислив дека некогаш би можела да направам кариера од тоа. Така, по дипломирањето на универзитет, учев за Монтесори претшколска инструкторка. Иако сакам да предавам и да работам со деца, се чувствував потиснато на некој начин затоа што морав да се облекувам и да се однесувам на одреден начин. Сликајќи сложени детали на моите нокти или цртајќи дома во вечерните часови си правев еден вид креативно ослободување. Мајка ми го забележа ова и еден ден ми предложи можеби да се запишан во училиште за шминка.
Со поддршка на моето семејство, се запишав во локално училиште за шминка овде, во Ванкувер. Токму тука се вљубив во шминката и запознав толку многу неверојатни пријатели и ментори. За време на мојата прва Ноќ на вештерките како ученичка за шминкање, јас решив да испробам изглед на една илузија што ја видов на Интернет. Тоа беше едноставен изглед на испукано лице и откако го објавив на Инстаграм, добив многу позитивни повратни информации. Ова ме поттикна дополнително да го истражувам жанрот илузија и тоа го правам оттогаш“.


Чувствувам дека можностите се бескрајни со овој вид уметност и на крајот, мојот стил еволуираше во сликање повеќе отколку само на моето лице. Оттогаш, сликам и на рацете, прстите, нозете, стапалата и телото. Сликав дури и на труднички стомак!“, вели таа.

Видете го и видеото подолу.