Опааа, текила!!!

Фото: Pixabay
119

Покрај потенцијалното лекување на остеопорозата, научниците велат дека текилата може да го намали нивото на шеќер во крвта, да помогне во слабеењето, па дури и да се бори против холестеролот. Сепак, не претерувајте!

Овој алкохолен пијалак има повеќе здравствени придобивки, особено за коските!

Биохемичарката Мерцедес Лопез од Националниот политехнички институт на Мексико во 2016 година предводеше тим од научници кои заклучиле дека, меѓу другото, текилата е добра за човечките коски.

Научниците тврдат дека растението кое е главната состојка на текилата содржи супстанции кои можат да ја подобрат апсорпцијата на калциум и магнезиум.

Според овие резултати, глушецот во чие тело биле внесени фруктаните на сината агава, произведувал речиси 50 отсто повеќе остеокалцин, протеин кој укажува на создавање на нова коска, во споредба со друг глушец.

Лопез тврди дека овие ефекти укажуваат на соработката на фруктаните и бактериите во внатрешните органи кои им овозможуваат на молекулите на шеќерот да внесуваат хранливи материи и помагаат при нивното внесување во коскените клетки.

Резултатите од истражувањето овозможуваат развој на алтернативно лекување на остеопороза, од што заболеле 200 милиони луѓе ширум светот.

Ова не е прва студија чии резултати укажуваат на придобивките од текилата за здравјето на луѓето.

Покрај потенцијалното лекување на остеопорозата, научниците велат дека текилата може да го намали нивото на шеќер во крвта, да помогне во слабеењето, па дури и да се бори против холестеролот.

Сепак, бидејќи се работи за алкохолен пијалак, советот е јасен – не претерувајте!