Оревите и јачменот го намалуваат холестеролот

Фото: Unsplash
204

Студијата објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition, го испитувала и ефектот од консумирањето јачмен врз оние со предиспозиција за кардиоваскуларни болести и врз пациентите со благо висок холестерол.

Грст ореви дневно може да помогне да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања, веројатно затоа што содржи висок процент на витамин Е, заклучија истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во неодамна објавената студија.

Тие ја поврзаа потрошувачката на ореви со забавување на несаканиот процес на оксидација на липидите во крвта за 7,4 отсто, што би требало да го намали ризикот од срцеви заболувања. За време на истражувањето, научниците го имале предвид фактот дека оревите се особено богати со гама токоферол, форма на витамин Е, кој е познат по тоа што ги штити мастите од оксидација.

Студијата објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition, исто така, го испитувала и ефектот од консумирањето јачмен врз оние со предиспозиција за кардиоваскуларни болести и врз пациенти со благо висок холестерол.

Резултатите од студијата покажале дека поради јачменот кој содржи бета-глукан, испитаниците имале намалување на вкупниот холестерол, особено на таканаречениот лош – ЛДЛ и дека најдобри резултати имало кај жените во постменопауза.