Пие комбуха четврт век, а планира да ја пие уште стотина години

1.076

Скопјанецот Стефан Живанов кој веќе 25 години произведува и консумира комбуха, деновиве наполни 64 години и ги предаде документите за пензија но, како што вели на шега, можно е и да се откаже затоа што се плаши дека Фондот за пензиско ќе банкротира ако мора да му дава пензија до 160 години…

Нашиот соговорник Стефан Живанов овој месец наполнил 64 години и деновиве ги предал документите за пензионирање. Кога го замоливме да ни испрати фотографија на која е седнат, наместо ваква, како за лична карта, се пошегува со нас: „А не, не седам јас, јас сум Комбухамен, место не ме држи, па дури и се премислувам околу пензијата, страв ми е дека Фондот за пензиско ќе банкротира ако мора да ми ја дава до 160 години…а мојата сопруга Рада работи таму… Знаете, и таа пие комбуха!“

А господин Живанов чиј производ (Комбуха Живанов) може да се види во некои маркети и продавници за здрава храна, ја произведува и ја пие комбухата цели 25 години.

Тврди дека поради неа не ги чувствува годините, постојано е во движење, полн е со енергија и со елан. А сѐ почнало откако се разболел од хепатит Б.

Со оваа јапонска чајна габа која живее во хранлив раствор од зелен чај и шеќер во кој постојано се размножува, го запознала неговата колешка  од „Интеримпекс“, фирмата во која работел во тоа време.

„Габата при ферментација создава млечна и глукоронска киселина, витамин Ц и Б, аминокиселини и антибиотски состојки со лековито дејство. Ја прочистува крвта и го регенерира црниот дроб, а бидејќи се разболев од хепатит Б од кој најмногу страда токму црниот дроб, мојата колешка од Интеримпекс, госпоѓа Јанева, која беше врвен технолог и респектибилна стручна личност, ми ја подари комбухата и ме упати во тоа како да го подготвувам овој пијалок. Тоа беше пред четврт век. После 2-3 години редовно пиење Комбуха, се излекував, но продолжив да ја произведувам и да ја пијам до ден денеска.

Нејзиното влијание врз организмот се одразува на зголемена концентрација, повеќе сила, подобро расположение, крвна слика во идеални рамки, чистење на песок и камчиња од бубрезите и така натаму.

Најдобро е да се пие трипати на ден по 100 до 130 милилитри наутро, на гладно, потоа со ручек или после ручек и навечер, барем час до час и половина пред спиење (бидејќи делува како диуретик).

Се пие редовно 45 дена, па се прави пауза од 4-5 дена и повторно се продолжува со пиење, како што се вели на јапонскиот царски двор, во следните 100 години.

Во Јапонија се одгледува и се пие повеќе од 2.200 години и била строго чувана тајна за долговечност на јапонскиот царски двор. Имено, обичните смртници не смееле да ја пијат, па слугите кои ќе се осмелеле да ја пробаат комбухата, биле погубувани.

Во руско-јапонската војна, кога Русите заробувале јапонски војници со повисок чин, наоѓале кај нив Комбуха и така знаењето за овој пијалок се пренело и во Русија. По втората светска војна во Русија се одгледувала и во области во кои имало големо еколошко загадување (производство на кадмиум, олово, азбест, жива), а луѓето, неочекувано за ваква средина, биле здрави. Се утврдило дека е така благодарение на тоа што традиционално консумирале Комбуха.

Ја пиел и Сталин, но популарноста ја стекнала благодарение на Александар Солжењицин кој ги преживеал логорите во Сталиново време, и тоа заболен од рак, благодарение на тоа што бил одбран за да се испита дејстувањето на Комбухата! Кога пребегал во САД ја напишал и книгата „Како се излечив од рак“. Таму книгата била хит, а кога на тогашниот претседател Роналд Реган му констатирале рак, токму од него побарале совет и упатства за производство на Комбуха за претседателот.

И сега, во овој период на пандемија со коронавирусот, кога системот за имунитет на секој човек мора да се подигне на повисоко ниво за да може да се одбрани, освен секојдневниот внес на здрава храна (овошје, зеленчук, апетисани), од срце ја препорачувам и Комбухата.

Зошто? Затоа што содржи глукоронска киселина до 2,5 мл во литар. Во нашиот организам оваа состојка ја произведува црниот дроб за да ја прочисти крвта. Таа го носи епитетот на „главен чистач” на отровите кои се појавуваат во процесот на метаболизмот во човечкиот организам, како и на штетните материи кои се внесуваат од надворешната средина преку храната, воздухот, водата и друго..

За мојата Комбуха е битно тоа што се прави со зелен чај сертифициран од „Алкалоид“, со филтрирана вода (со реверзна осмоза) која е 50 до 100 пати почиста од водата од водовод. И ја правам во строго контролирани услови, максимално прилагодени за квалитетна ферментација на Комбухата.

Всушност, за оние кои не знаат, доволно е да се каже дека комбухата го чисти организмот од наталожените отрови и значително го зголемува имунитетот, а со тоа и шансите да се остане здрав!“, тврди господин Живанов.