Пита со круши како вовед во есента

Фото: Unsplash
331

Постојат илјадници видови круши, а освен што во свеж облик се одлична превентива за рак на дебелото црево, особено се вкусни питите со круши. Еве неколку одлични рецепти

Дали знаевте дека постојат илјадници видови круши и дека крушите всушност ги вбројуваме во семејството рози? Освен за консумирање во свеж облик, крушите се користат и за крушковец, а особено ни е драга питата со круши.

Но, пред да пробате некој од предложените рецепти, запознајте се со нутритивниот состав на крушите и причините зошто треба почесто да ги вклучувате во исхраната. Крушите се богати со витамини од групата Б, кои се важни за нервниот систем и енергијата.

Одредени видови круши, како што се вилијамовките, содржат калциум и железо, но и витамин Ц. Во 100 г круши се содржат околу 60 ккал, од кои околу 10 г шеќер и околу 3 г влакна, особено пектин. Крушите исто така содржат и бакар. Јадењето круши делува превентивно на рак на дебелото црево.

Во продолжение ви пренесуваме неколку различни рецепти за пита со круши.

Пита со круша – рецепт со јаболка

Крцкава пита со круши која се топи во уста е вистинска увертира за есента. Искористете ги и сезонските јаболка за да уживате во богатството на есенските плодови.

Состојки за кората:

1 шолјичка брашно
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 шолјичка ладен путер (исечен на коцки)
3/4 шолјичка ладна вода.

Состојки за филот:

3 круши (излупени и исечени)
3 јаболки (излупени и исечени)
1 шолјичка шеќер
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче
3 супени лажици путер
1 јајце (изматено)
1/4 лажичка цимет.

Приготвување:

Прво направете го тестото такашто ќе ги измешате брашното, шеќерот и солта, па ќе додадете коцки путер. Соединете ја смесата и додадете вода.
Мешајте го тестото додека сè не се соедини, а потоа поделете го на два дела и завиткајте го во пластична фолија. Оставете го тестото во фрижидер да отстои еден час.
Загрејте ја рерната на 250 °C.
Откако ќе се излади, развлечете го тестото на набрашнета површина.
На дното на садот ставете ја едната кора и исечете ги рабовите.
Потоа подгответе го филот мешајќи ги јаболката, крушите, шеќерот, циметот, морското оревче и сокот од лимон.
На долната кора премачкајте го филот, па врз филот додајте ја втората кора спојувајќи ги двете по рабовите.
Намачкајте ја кората со изматено јајце, па поросете со шеќер и цимет.
Покријте ја питата со фолија и печете околу 30 минути.
Отстранете ја фолијата по 30 минути и печете уште 30 минути додека кората не добие боја. Вашата пита со круши и јаболка е подготвена!

Пита со круши и пудинг

Уште една фина пита со круши доаѓа во комбинација со пудинг. Оваа пита со круши особено ќе ги израдува љубителите на ванила.

Состојки:

200 г брашно (идеално би било да ставите половина спелта, половина бело)
5-6 парчиња круши
4 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
половина лажичка прашок за пециво
150 г шеќер
3 супени лажици шеќер
сок од лимон
1 пакување пудинг од ванила
вода или цеден сок од круши
околу 75 г путер
1 и пол чашка кисела павлака.

Приготвување:

Најпрво направете мазно тесто така што ќе ги помешате брашното, три лажици шеќер, прашок за пециво и ванилин шеќер. Додадете уште путер и јајце и замесете мазно тесто, кое потоа се остава да се излади во фрижидер.
Излупете ги и исечкајте ги крушите.
Во тенџере загрејте половина литар вода, сок од лимон и околу 50 г шеќер.
Потоа додадете ги крушите и варете уште неколку минути.
Процедете ја смесата и зачувајте ја течноста.
Подгответе калап за печење и обложете го со кората.
Истурете ги крушите врз кората.
Сокот од круша употребете го за да го подготвите пудингот, а откако ќе го сварите според упатството, веднаш прелијте го врз крушите.
Загрејте ја рерната на 200 °C и печете околу 25 минути.
Подгответе снег од три белки и 90 г шеќер, изматете и додадете ги жолчките и павлаката.
По 25 минути печење, прелијте ја тортата со претходно подготвената смеса со јајца и печете уште 20 минути.
Кога ќе се испече питата, можете да ја декорирате по желба.

Пита со круши и чоколадо

Состојки:
половина шолјичка брашно
1/3 шолјичка какао
половина лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
половина лажичка сол
половина лажичка кардамон
2 лажици мелени лешници
3/4 шолјичка јаворов сируп
2/3 шолјичка ладна вода
1/3 шолјичка кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка јаболков оцет
2 круши
половина шолја сечкани лешници.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 °C и калапот за печење подмачкајте го со масло.
Во сад измешајте ги сувите состојки: брашно, какао, прашок за пециво, мелени лешници, сол, сода бикарбона и кардамон.

Во друг сад измешајте ги влажните состојки: јаворов сируп, масло, вода, оцет и екстракт од ванила.
Соединете ги влажните и сувите состојки и добро измешајте ги.
Едната круша исечкајте ја ситно и додадете ја во останатите состојки, а другата круша исечете ја на тенки парчиња.
Истурете ја смесата во калапот, па додајте ги листовите круши и поросете со сечканите лешници.
Се пече во рерна околу 45 минути.