Природни лекови за рак на бели дробови

Фото: Unsplash
1.700

Еве некои природни лекови кои ако се открие навреме, можат да помогнат во лекувањето на ракот на белите дробови.

Во човечкото тело има илјадници различни видови на потенцијално канцерогени клетки и засега не е пронајден единствен лек кој целосно би ги неутрализирал и би го спречил почетокот на болеста.

Сепак, постојат природни лекови кои можат да ги зголемат шансите за заздравување и да неутрализираат многу симптоми.

Раното откривање на ракот на белите дробови, кој е еден од четирите најчести малигни тумори, гарантира полесно закрепнување.

Важно е да се придржувате до пропишаната терапија која можете да ја комбинирате со многу лековити билки, а воедно да ја регулирате исхраната и да го избегнувате чадот од тутун.

Еве некои природни лекови кои ако се открие навреме, можат да помогнат во лекувањето на ракот на белите дробови.


Мајчина душица

Некои студии потврдија дека етеричното масло од мајчина душица убива одредени видови на канцерогени клетки, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат рак на белите дробови.

Неговата употреба позитивно ќе влијае на вашата психа и ментално здравје, ублажувајќи ги симптомите на стрес и депресија, како и чувството на болка и мачнина.

Измешајте неколку капки есенцијално масло на база на мајчина душица со масло од јојоба.

Добиената смеса нанесете ја на виталните точки како што се зглобовите, вратот и зад ушите.

Можете исто така да додадете неколку капки во топла бања.

Женшен

Оваа билка во голема мера придонесува за лекување на луѓето кои боледуваат од рак на белите дробови. Американската сорта се смета за поквалитетна од азиската, бидејќи содржи повеќе корисни активни состојки.

Женшенот може да се купи како прашок, во форма на капсули и таблети или како основа за смеса за чај.

Оставете ја водата да зоврие, а потоа изладете ја за да има температура околу 80 степени.

Истурете една кафена лажичка од смесата со чај од женшен во таа вода.

Почекајте околу 10 минути, процедете го чајот и испијте го.

Пијте по една шолја дневно најмалку еден месец, а најмногу два месеци.

Ѓумбир

Ѓумбирот игра клучна улога во лекувањето на ракот на дојката, како и на белите дробови, со тоа што директно влијае на матичните клетки, кои многу тешко се елиминираат.

По готвењето или сушењето на ѓумбирот се создава органското соединение шогаол, заради кое овој корен има лековито дејство против канцерогените клетки.

Ѓумбирот ги зачувува здравите клетки кои не биле погодени од болеста, што не е случај со хемотерапијата.

Една кафена лажичка свеж ѓумбир, колку што е можно поситно изрендан, прелијте со топла вода која претходно сте ја зовреле.

Се пие по 5 минути. Консумирајте 2-3 пати на ден.

Куркума

Зачинот во форма на прашок со специфична жолта боја помага и во борбата против ракот на белите дробови. Има моќно антиинфламаторно и антиканцерогено дејство и е одличен за лекување на прогресивни болести, а сето тоа благодарение на активната состојка куркумин, веројатно најсилниот антиоксидант во природата.

Куркумата делува како детоксификатор за телото.

Тоа е навистина вреден лек за опасна болест како што е ракот и важно е да се напомене дека е сосема безбеден за употреба.

Измешајте ¼ лажица куркума, половина лажичка маслиново масло и прстофат мелен црн пипер.

Сè разредете во чаша млака вода и земајте 1-2 дози дневно.

Тегавец

Според неодамнешните истражувања, елементите пронајдени во листовите на тегавецот покажале антиканцерогени ефекти.

Покрај тоа, ова растение може да ви помогне да се откажете од пушењето, што е важен чекор во лекувањето на ракот на белите дробови. Тоа е една од најбезбедните билки за лекување бидејќи несаканите ефекти се многу ретки. Прелијте со ладна вода лажица свежи или суви листови од тегавец со малку мед и оставете сè да отстои околу 4 часа.

Земајте една лажица 3-4 пати на ден.