Пробајте 10 намирници кои ги чистат вашите бели дробови

Фото: Unsplash
951

Ако веќе не можете да се откажете од пушење, барем обидете се да ги воведете во исхраната намирниците што помагаат да се исчистат белите дробови


Иако е познато дека пушењето ги уништува белите дробови и предизвикува голем број проблеми кои можат да бидат поблаги како што се помали респираторни заболувања, но и поопасни како рак на белите дробови, пушењето не е единствениот виновник. Воздухот е сè позагаден, а дури и во зима нашите бели дробови се поподложни на бактерии и вируси кои предизвикуваат респираторни инфекции.

Пушачите и поранешните пушачи во последниве години сè повеќе се свесни колку е важно да се грижат за своите бели дробови и за здравјето воопшто. Почнуваат да консумираат храна која има алкално дејство врз телото што дава многу здравствени придобивки. Вклучете ја оваа храна во вашата исхрана за да ви помогне да ги одржите вашите бели дробови здрави.


Грејпфрут

Консумирањето од 1 до 4 грејпфрути неделно го намалува ризикот од рак на дишните патишта.

Бразилски ореви

Тие се богати со селен и витамин Е кои помагаат да се намали ризикот од рак на белите дробови.

Кромид

Антиоксидантите присутни во кромидот ги чистат токсините од белите дробови, предизвикани од пушењето.

Вода

8 чаши вода го хидрираат телото цел ден и им овозможуваат на белите дробови и другите делови од телото да функционираат правилно.


Сок од морков

Крвта можете да ја алкализирате со помош на 300 мл сок од морков. Пијте сок секој ден како ужина.

Ѓумбир

Ѓумбирот може да ја отстрани слузта предизвикана од млечните производи, пченицата и сојата. Содржи антиоксиданти кои ги чистат токсините од белите дробови, предизвикани од пушењето.

Билен чај

Можете да се ослободите од токсините насобрани од пушењето со пиење билен чај.

Сок од брусница

Пред спиење испијте 400 мл сок од брусница. Брусницата помага во борбата против бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.


Сок од ананас

Консумирајте 300 мл свеж сок од ананас бидејќи ова овошје содржи природни антиоксиданти кои се корисни за респираторниот систем.

Топла вода со лимон

Исцедете два лимона во топла вода и пијте пред појадок.