Ракија од аронија: Имаме рецепт за аперитив со антиоксидативно и превентивно дејство

Фото: Unsplash
626

Аронијата е богата со антиоксиданти, особено со антоцијани. Таква е и ракијата од аронија, чиј рецепт следува во продолжение.

Без сомнение, аронијата е повеќегодишно овошје за кое се вели дека е најздравото во светот. За нејзината нутритивна вредност зборува и бојата на аронијата, но и трпкиот вкус. Аронијата е богата со антиоксиданти, особено со антоцијани. Таква е и ракијата од аронија, чиј рецепт следува во продолжение.

За луѓето со ниско ниво на железо, ќе придонесе за подобрување на крвната слика. Притоа, подобра опција е да пиете сок од аронија, и тоа во меѓуоброците. Сокот од аронија е без влакна, што ќе овозможи подобра апсорпција на железото.

Како да направите ракија од аронија?


Аронијата придонесува за регулирање на крвниот притисок, го намалува холестеролот и на тој начин спречува кардиоваскуларни болести. Корисна е и за луѓе кои често имаат воспаление на уринарниот тракт.

Освен свежа, аронија може да се консумира и сува, во вид на сок, чај, џем, но не помалку позната е и ракијата од аронија. Во продолжение дознајте како се прави ракијата бидејќи во народната медицина таа е составен дел од домашната аптека.

Ракија од аронија – рецепт

Заради трпкиот вкус аронијата обично се комбинира со други видови овошје, особено кога се преработува во џем. Меѓутоа, кога станува збор за печење ракија од аронија, се додаваат зачини како цимет или каранфилче. Следете го рецептот и дознајте како да направите ракија од аронија.

Состојки:

1 кг свежа аронија
2 литри ракија
1 кг шеќер
15-20 парчиња каранфилче
4 кесички ванилин шеќер
1 лимон
2 стапчиња цимет
корен од ѓумбир.

Приготвување:

Измијте ја аронијата и оставете ја во сад, а лимонот исечкајте го на коцки или четвртинки. Излупете го и исечете го и коренот од ѓумбир.
Изберете тегла во која ќе ја правите ракијата од аронија. Ставете ги аронијата, исечканиот лимон и ѓумбирот, стапчињата цимет, обичниот и ванилиниот шеќер.
На останатите состојки во теглата додадете ја ракијата и измешајте.
Затворете ја теглата цврсто и оставете ја на сончевата страна од прозорецот, ако е можно, околу шест недели. Протресете ја содржината на теглата од време на време.
Откако ќе отстои, подгответе стерилизирани стаклени шишиња за ракија. Содржината исцедете ја преку газа во шишињата и вашата ракија од аронија е готова.