Ротквиците не се само декорација, туку и извор на здравје

Фото: Pixabay
251

Сите знаеме за ротквиците, но најчесто не ги консумираме толку заради нив самите, туку повеќе ни служат само како декорација на одредени јадења.

Овие мали пролетни топчиња со пикантен вкус и црвена боја се одлични сојузници на здравјето и треба често да бидат дел од нашето мени.

Еве барем пет причини зошто треба да ги јадете овие весници на пролетта:

1. Заштитник на телото

Ротквицата (лат. Raphanus sativus) во буквален превод значи култивирана зелка, а потекнува од Азија каде што се одгледувала и собирала пред 3000 години. Црвената боја на ротквицата доаѓа од пигментот антоцијанин. Оваа супстанца е моќен антиоксидант кој го спречува распаѓањето на клетките на телото и го гарантира здравјето на целото тело.

2. Стимулатор на варењето

Лутиот вкус на ротквицата го поттикнува лачењето на желудочниот сок, поради што најчесто се служи во форма на салати или напитоци, односно, како аперитив кој го отвора апетитот. Покрај тоа, ги стимулира варењето и работата на цревата, а особено се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со тврда столица.

3. Сојузник на фит форма

Во сто грама ротквици има само 16 калории бидејќи најголемиот дел од составот е вода. Не е ни чудо што можете без двоумење да уживате во оваа намирница дури и ако сте на диета. Овој зеленчук е одличен извор на витамин Ц, диетални влакна, калиум и фолна киселина, кои даваат енергија и го зајакнуваат имунитетот на организмот.

4. Антибактериско „оружје“

Сокот од свежа ротквица нашите предци го цеделе за лечење на жолчката, а особено се покажал корисен при излачувањето на слузта од дишните органи при сезонски болести, бронхитис и грип. Некои експерти тврдат дека покрај антибактериските својства, тој е и моќно оружје против кашлица и главоболка.

5. Чувар на црниот дроб

Ротквицата содржи супстанции кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб, што ја прави одлична алатка во борбата против жолтицата. Покрај тоа, таа е одлична намирница за поттикнување на пролетната детоксикација – без разлика дали ја јадете сирова, дали ќе го исцедите од неа сокот или ќе го додадете во некои сложени пијалаци за да го исчистите телото од насобраните токсини.

Внимание:

Поради лутината на зеленчукот, зголеменото консумирање ротквици не се препорачува за луѓе кои имаат чувствителна гастрична слузница и болести како што се чир, цревни или проблеми со бубрезите.