‘Ртете никулци за здравје и енергија

Фото: Pixabay
419

Здрава и евтина храна без многу труд и време? Можеби ова звучи како научна фантастика, но навистина е можно. Тајната се крие во р`тењето на никулците

Кога се зборува за здрава храна денес често се користи изразот супер-храна, а никулците се токму тоа. Со нив ќе добиете изобилие од витамини и минерали, а за тоа не ви требаат ниту многу пари, ниту многу труд.

Семето е полно со притаени ензими кои се самата суштина на животот. Кога ќе се создадат погодна температура и влажност, почнува чудесниот момент на р’тење кога се ослободува голема количина на енергија. Во текот на процесот на р’тење ензимите ги разградуваат сложените хранливи материи на поедноставни кои полесно се варат. Јаглените хидрати се разградуваат на прости шеќери, мастите се претвараат во масни киселини, а протеините во аминокиселини.

Содржината на витамините наеднаш се зголемува до количина која далеку ја надминува онаа која ќе постои во пораснатата билка.

Пред се, никулците се извор на витамин Ц, витамини од групата Б и витамин Е. Од минералите, треба да се истакне железото со кое се особено богати никулците на мешунките. Најдобро е да се јадат повеќе видови на изртено семе, затоа што секој вид содржи различни количини од овие важни состојки.

Редовното консумирање на никулци го стимулира метаболизмот и создавањето на нова и свежа крв, го зајакнува имунолошкиот систем, го компензира недостатокот на некои витамини и минерали, ја нормализира киселинско-базната рамнотежа на организмот. Никулците помагаат за прочистување на организмот од разни токсини, ја зголемуваат силата, го забавуваат процесот на стареење. Зарем сето ова не е доволна причина да се обидеме да дознаеме барем малку повеќе за никулците?

Меѓутоа, воведувањето на никулците во исхраната треба да биде постепено затоа што преку никулците организмот се снабдува со моќна енергија, а за тоа треба и да се подготви. Најдобро е да се консумираат наутро, кога организмот се снабдува со енергијата која му е потребна за целиот ден.

Главно што треба да се знае за никулците е дека се консумираат живи, односно, термички необработени. Тоа значи дека може да се додаваат во салати, во ладни предјадења, како и во сендвичи. Може да се консумираат со кисело млеко или јогурт, со мед и слично.

Позитивна работа кај никулците е тоа што се богати со хлорофил, а тоа значи енергија. Така на пример, како додаток кон исхраната може да се употребуваат никулци од пченица добиени во два стадиуми. Во првиот стадиум, после 2 – 3 дена, никулецот достигнува големина 1 до 2 мм, и тие тогаш ја достигнуваат својата максимална вредност. Вториот стадиум е кога никулците израснуваат до таа големина кога се јавуваат зелените ливчиња. Ваквите релативно големи израстоци се богати со витамините Е и Д, содржат 20 аминокиселини и 13 витамини, а настанатиот хлорофил ги чисти и црниот дроб и крвта, и го стимулира создавањето на хемоглобинот.

Се разбира, секој вид на растение е индивидуално по својот хемиски состав, но постојат просечни податоци. Значи, воопшто зрната содржат: 6-20% растителни протеини (сличен по состав со протеините во месото), 1-9% масти, 60-88% јаглехидрати (шеќери и скроб), 1-4% растителни влакна (целулоза), 1-3% органски минерални соли, и оптимална содржина на микроелементи. Во текот на тие неколку дена додека семето `рти, се зголемува содржината на витамините В и PP кои се вклучени во составот на голем број препарати кои се користат во борбата против заболувања на срцето и срцеви удари. Во никулците се зголемува содржината на витаминот Е (токоферол), кој го забавува процесот на стареење и го нормализира нервниот систем. Во никулците се создава витаминот С, кој е инаку отсутен во сувото зрно. Никулците содржат железо кој заедно со витаминот С не спасува од слабокрвноста. Тие содржат калиум, но и ретките микроелементи како хромот и литиумот, кои му се потребни на нашиот организам како профилактика од дијабетес.

Никулците поседуваат некои специфичните терапевтски лековити својства. Еве неколку зборови за тоа.

  • Никулците од пченица, ‘рж, овес, сончоглед и лен се корисни особено за личности кои имаат проблеми со системот за варење.
  • Овесните никулци ја регенерираат крвта, а ја активираат и тироидната жлезда;
  • Никулците од ‘рж го прочистуваат организмот од токсини и радионуклиди;
  • Никулците од ориз ги чистат бубрезите.
  • Никулците од леќа го зајакнуваат имунитетот.
  • Никулците од тиква се користат при третман на простата и црева.
  • Никулците од леќа и сусам се добри за кардиоваскуларниот систем.
  • Никулците од пченка имаат ефект на подмладување.
  • Никулците од грав имаат анти воспалителен ефект.
  • Никулците од грашок го намалуваат шеќерот во крвта.
  • Никулците од соја придонесуваат за регенерација на клетките и го инхибираат  (кочат) растот на туморот.