Секое утро наместо аспирин: Супер овошје кое ги штити срцето и крвните садови

Фото: Pexels
435

Со едно киви на ден ја добивате потребната доза витамин Ц. Во сезона е цела зима и треба да го купите додека е незрело, односно уште тврдо на допир и потоа да го оставите неколку дена на собна температура да созрее.

Со само 60 калории, едно киви ќе ви обезбеди 100% од дневната потребна количина на витамин Ц и со повеќе калиум од половина банана. Сигурно веќе сте слушнале за бројните лековити својства на кивито, како и за тоа дека многумина го нарекуваат суперовошје затоа што е богато со антиоксиданти, витамин Ц, калиум, фолна киселина, полифеноли и растителни влакна, а исто така е и добар извор на витамин Е.

Многу поволно делува на дигестивниот тракт, поради што е особено добар избор за појадок.

Одличен извор на пробиотици

Го намалува запекот и според студија од 2010 година, помага во варењето на важните протеини, благодарение на активната компонента во кивито наречена протеолитичка киселина. Неодамна беше откриено дека е одличен извор на пробиотици, па во оваа смисла овошјето е исклучително пожелно, особено за дигестивниот систем. Покрај тоа, содржи лутеин и зеаксантин, супстанции кои се неопходни за здравјето на очите, како и флавоноиди и каротеноиди кои штитат од слободните радикали и ја штитат ДНК од оксидативно оштетување, што го намалува ризикот од рак.

Наместо аспирин

Една студија покажала дека кивито, ако го јадете секое утро, може да има ефект сличен на аспиринот, кој го спречува создавањето на згрутчување на крвта. Исто така, го намалува нивото на триглицериди во крвта за дури 15 проценти и на тој начин го спречува насобирањето наслаги на ѕидовите на крвните садови и го штити здравјето на срцето и крвните садови. Во сезона е цела зима и треба да го купите додека е незрело, односно уште тврдо на допир и потоа да го оставите неколку дена на собна температура да созрее.

Купете веќе зрело киви само ако имате намера да го јадете веднаш, бидејќи многу брзо се расипува. Кивито е доволно вкусно за уживање какво што е, но можете да го користите и за подготовка на колачи, тартови, пијалаци, овошни салати и други десерти.