Секој детал од вашата венчавка треба да отсликува автентичност, стил и уникатност. Вештите мајстори можат да ја исполнат секоја ваша слатка желба и да ги надминат сите слаткарски очекувања.
Денот на вашата венчавка е посебен ден кој означува почеток на ново поглавје во животите. Ден за кој сте мечтаеле уште од најраното детство и во кој сакаме сѐ да е совршено, затоа што спомените траат вечно.
Слаткарница „Канела“ од Струмица веќе 25 години е дел од секоја љубовна приказна во регионот со своите торти ремек дела.
Тимот на слаткарницата „Канела“ постави нови стандарди во слаткарството на нашите простори, со дизајн и креација на свадбени торти кои ќе го одбележат вашиот посебен ден.
Секој детал од вашата венчавка треба да отсликува автентичност, стил и уникатност. Вештите мајстори можат да ја исполнат секоја ваша слатка желба и да ги надминат сите слаткарски очекувања. Секако како врвни професионалци може да ви предложат торта или останати слатки задоволства кои најдобро прилегаат со секој ваш детал.
– Секоја љубовна приказна е наша инспирација… Ги исполнуваме и најлудите желби и правиме од невозможното возможно. Вашата торта може да биде баш таква како што сте ја замислиле па дури и повеќе од тоа. Сите задоволни клиенти насекаде од државата нѐ мотивираат секојдневно кон поместување на границите и постојан технолошки и креативен напредок – изјави сопственикот на „Канела“ Струмица, Никола Ристов, кој 10 години професионално се занимава со дизајн на торти.
Погледнете ја галеријата уникатни свадбени торти која е дел од трендовите пролет-лето 2022.







