Секој ден урма јадам

Фото: Pixabay
1.225

Урмите се особено значајни за вегетаријанците затоа што содржат некои важни материи за организмот кои не можат да се најдат лесно во намирниците од растително потекло, како што се на пример, „витамините за очи“ и селенот.

Урмите се кај нас достапни најчесто во сува форма, но има и пакувања со свежи, меки ирански урми кои ќе ве освојат на првиот залак. Особено оние големите, познати како кралски урми кои можат да заменат и цел оброк.

Секако, без оглед на формата во која ќе ги консумирате, вашиот организам ќе ви биде благодарен за тоа.

Урмите се користат во различни делови од светот и се важен дел од исхраната во арапските земји, а мали количини се произведуваат и во Шпанија, Мексико, Јемен и Палестина.

Се верува дека урмите имаат големо влијание во лекувањето на ракот за што е заслужен селенот што го содржат. Исто така, урмите содржат и „витамини за очи“, односно, лутеин и зеаксантин кои се вбројуваат во групата на каротеноиди, а кај луѓето делуваат како антиоксиданси и ја штитат ретината од можните оштетувања предизвикани од светло.

Студијата објавена во 2007 година укажува дека веројатноста дека макулата на окото ќе дегенерира како што стареат луѓето, е помалку доколку консумирале храна богата со овие материи.

Урмите содржат и фосфор кој игра важна улога како „храна за мозокот“. Од таа причина се препорачуваат во исхраната на оние кои се занимаваат со интелектуална работа. Урмите им ја даваат на мозокот и на мускулите потребната енергија, затоа што содржат природни шеќери како што се глукоза, сахароза и фруктоза. Урмите содржат и елементарен хлор кој се користи како заштита на забите од пропаѓање, а зрелата урма содржи витамини A, C, B1, B2 и ниацин, а се добар извор и на натриум, магнезиум, калциум и железо. Нивната секојдневна употреба во исхраната е одлична превенција против анемија. 100 грама урми содржат околу 10% од препорачаната дневна вредност на железо. Урмите се и здрав десерт бидејќи природниот шеќер што с енаоѓа во нив е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. Доволно е да се изедат 2 или 3 урми на ден и нема да имате потреба за чоколадо или некое друго слатко, а ќе уживате во неверојатниот вкус каков што нема ниту едно индустриско колаче.

Протеините во урмите содржат 23 видови аминокиселини од кои некои ги нема ниту во најпопуларните овошја, како што се портокалите, јаболката и бананите.