Слатко од бели цреши по рецептот на баба

988

Домашното слатко од бели цреши, нашите баби го правеа со посебно внимание, а се послужуваше за посебни пригоди и за посебни гости. А бидејќи сега е периодот кога овие цреши ја достигнуваат својата зрелост, време е за слатко.

Белите цреши не се толку привлечни по изглед како нејзините прекрасни црвени братучеди, но нивното месо е исто така многу слатко. Дури можеби и послатко од она на црвените цреши.

Домашното слатко од бели цреши, нашите баби го правеа со посебно внимание, а се послужуваше за посебни пригоди и за посебни гости. А бидејќи сега е периодот кога овие цреши ја достигнуваат својата зрелост, време е за слатко.

Ако не сте по правењето или немате бели цреши со проверен квалитет, веројатно копнеете да си најдете некои мали производители кои прават одлично слатко од бели цреши од сопствената градина, како за своја душа. Ние ги најдовме и имавме среќа затоа што им излегле повеќе тегли со слатко отколку што им се потребни, па имаат некоја тегла плус за продавање и за нас, мрзливите.

Ако најдовте од некаде убави и здрави бели цреши, еве го рецептот кој успеавме да го добиеме од нашите пријатели кои веќе си ја завршиле домашната работа и го направиле своето вкусно слатко со кое не послужија онака како што тоа го правеле нашите баби, на тацна, заедно со ладна вода или уште подобро, со чаша ладна домашна лимонада.

Состојки:

1 кг бели цреши

1 кг шеќер

сок од 2 лимони

1 стапче ванила

Приготвување:

Прво извадете ги семките од црешите, па редете ги во тенџере, ред цреши, ред шеќер и ставете ги на рингла да зовријат. Додадете сок од 2 лимони и стапче ванила и варете додека не се згусне. Извадете ја пената и покријте го тенџерето со тенка газа, а следниот ден соберете го во тегли, затворете ги и ете, ќе имате и вие слатко од бели цреши за своите посебни пригоди и посебни гости.