Смоква – народен лек за лошо варење, камења во бубрезите и зуење во ушите

Фото: Unsplash
742

Дали знаевте дека освен за запек, смоквите се користат во народната медицина и за лекување на забоболки, болки во грлото, отоци, чиреви, брадавици и кашлица?


Крајот на летото тешко може да се замисли без сочни смокви полни со антиоксиданти и хранливи материи.

Ги сакаме без разлика дали се свежи или сушени.

Но, освен што се вистинско задоволство за непцето, овие плодови навистина можат да ви помогнат да ублажите одредени здравствени проблеми.

И тоа не само за запек, за што најчесто се користат.

Дали знаевте дека смоквите се користат во народната медицина и за лекување на забоболки, болки во грлото, отоци, чиреви, брадавици и кашлица?

Смоквите, без разлика дали се свежи или суви, се исклучително богати со антиоксиданти, содржат витамини А, Б, Ц, Е и К и минерали магнезиум, цинк, селен, бакар, железо, калиум и калциум, како и лутеин и каротин.

Интересно е и тоа што сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум од свежите и се препорачуваат за оние кои страдаат од анксиозност, ПМС и слаба концентрација.

Со нивното консумирање дополнително ќе го зајакнете имунитетот и ќе го снабдите организмот со важни хранливи материи.

Сепак, ова омилено слатко овошје е богато и со природен шеќер, па затоа не треба да претерувате доколку имате дијабетес или внимавате на вашата тежина.

Здравствени придобивки од смоквите

Одличен природен лек за варењето

Смоквите се одлични за варење! Можете да се ослободите од запек ако јадете само неколку смокви дневно.

Ова воопшто не е изненадувачки бидејќи тоа е овошје најбогато со влакна, кое е особено богато со растворливи влакна пектин.

Покрај тоа што можете да ги јадете сами (свежи или сушени) во случај на лошо варење и запек, можете да ги комбинирате и со суви сливи, кои исто така се одлични за варењето.

Во 2 дцл вода ставете неколку суви смокви и неколку суви сливи и оставете ги да отстојат до утрото. Следниот ден испијте ја течноста и изедете го овошјето.

Навистина одличен рецепт за добра цревна перисталтика!

Смокви во маслиново масло

Сувите смокви можете да ги потопите во маслиново масло и да ги чувате во фрижидер 40 дена. После тоа, можете да ги консумирате една по една пред оброк.

Овој природен лек е одличен не само за запек, туку и за астма, хеликобактер пилори, бронхитис и анемија.

Помагаат кај камења во бубрезите

Консумацијата на смокви се препорачува и за оние кои имаат камења во бубрезите.

Во 2 дл вода ставете 5-6 свежи смокви и сварете ги.

Јадете сварени смокви секој ден во текот на еден месец. Ова ќе помогне во разложување на камењата во бубрезите.

Го намалуваат шумот во ушите

Смоквите можат да го ублажат непријатниот проблем со зуењето во ушите.

Згмечете 200 гр смокви и измешајте ги со 20 гр мелено семе од синап.

Намачкајте ја пастата на газа и ставете ја на увото.

Се користат при лекување на рани и изгореници

Можете да користите и суви смокви за да помогнете во заздравувањето на раните и изгорениците.

Сувата смоква сварете ја во вода или млеко, а откако малку ќе се излади исечете ја и ставете ја на изгореницата или раната.

Ако раната е поголема, употребете неколку смокви.

Помагаат за отстранување на брадавиците

За отстранување на брадавиците најчесто се користи млечниот сок што истекува кога ќе се откине свежа смоква или лист.

Но, за ова може да се користат и свежи смокви.

Со млечен сок од смоква можете редовно да ги мачкате брадавиците, кои по некое време треба сами да паднат.

Го намалуваат ризикот од опасни болести

Благодарение на изобилството на антиоксиданти, смоквите делуваат и против штетното дејство на слободните радикали во организмот.

Со нивна конзумација можете да го намалите ризикот од тумори и рак на простатата, дојката, кожата, белите дробови и дебелото црево.

Кога се во сезона, консумирајте неколку свежи смокви дневно, а во текот на зимата консумирајте ги сувите смокви кои се исто така богати со витамини и минерали.

Помагаат при болки во грлото и кашлица

Сувата смоква може да ги ублажи болките во грлото и кашлицата.

Изблендирајте неколку суви смокви во блендер и измешајте ги со малку мед.

Кога имате кашлица или чувство на печење во грлото, земајте по малку од оваа мешавина од смокви и мед.