Сок од цвекло – одлична есенска детоксикација

Фото: Unsplash
185

Со конзумирање на овој сок, ќе го снабдите организмот со повеќе минерал калиум отколку ако користите само парче свежо цвекло. Тоа е најдоброто природно средство за детоксикација на телото, кое дава силен поттик за работата на сите телесни системи.

Доколку сакате во текот на есента да направите одлична детоксикација на црниот дроб и генерално, на целиот организам, задолжително подгответе свеж сок од цвекло! Со консумирање на овој сок ќе внесете важни хранливи материи и антиоксиданти во вашето тело. Токму затоа цвеклото е одличен додаток во исхраната за спортистите, бидејќи веднаш им дава енергија и сила. Благодарение на богатството на витамин Ц и железо, цвеклото помага да се создаде хемоглобин во крвта, па затоа е одличен природен лек за анемија.
Со конзумирање на овој сок, ќе го снабдите организмот со повеќе минерал калиум отколку ако користите само парче свежо цвекло. Тоа е најдоброто природно средство за детоксикација на телото, кое дава силен поттик за работата на сите телесни системи.

Цвеклото е богато со нитрати, кои во крвта се претвораат во азотен оксид. Овој оксид помага за проширување и опуштање на крвните садови, а со тоа истовремено го намалува крвниот притисок. Соковите од свеж зеленчук, како што е цвеклото, се одлични и за лицата со нарушена функција на црниот дроб, бидејќи со нивното консумирање полесно и побрзо ги апсорбираат хранливите материи во дигестивниот систем.

За да го подготвите сокот, секогаш барајте свежо и цврсто цвекло, со неоштетена лушпа, можете и да ја излупите.

Цвекло – кралица на здравјето


Од многу одамна е познато дека цвеклото е одличен прочистувач на крвта. Благодарение на состојката глутатион, овој коренест зеленчук поттикнува елиминација на отпадните производи, токсините, па дури и тешките метали од телесните системи. Глутатионот е клучната состојка која учествува во детоксикацијата на црниот дроб и органите за варење. Цвеклото всушност содржи фитонутриент беталаин, кој придонесува за создавање на глутатион. На тој начин му помага на телото да ги неутрализира токсините и им дава својство на растворливост во вода. Благодарение на ова, овие токсини можат да се излачат преку урината и да се исфрлат од телото. Беталаинот од цвекло е исто така моќен антиоксидант кој има антиинфламаторно дејство. Со консумирање на сок од цвекло, ќе ја намалите и киселоста на телото и ќе придонесете за pH рамнотежата на крвта.

Придобивките од сокот од цвекло:

Придонесува за регулирање на крвниот притисок, го снабдува организмот со антиоксиданти и хранливи материи, го балансира нивото на шеќер во крвта, ја чисти крвта и лечи анемија, има антиоксидативно и антиинфламаторно дејство, го подобрува изгледот на кожата (благодарение на својствата за детоксикација), го подига нивото на енергија, ја зголемува силата и издржливоста, го подобрува варењето, поттикнува елиминација на токсините и отпадните производи преку урината, го штити здравјето на црниот дроб.

Сок од цвекло – рецепт

Овој сок најдобро се подготвува во соковник, но може да се користи и малку појак блендер. Доколку користите блендер, дополнително ќе треба да го процедите сокот и да ја одделите пулпата.

За да го подготвите сокот, секогаш барајте свежо и цврсто цвекло, со неоштетена кора или пак излупете ја. Сокот е најдобро да се пие наутро на празен стомак. Можете да го консумирате на дневна основа додека не почувствувате подобрување.

Состојки:

½ кг свежо цвекло, измиено
1 голема краставица по желба
1 јаболко
една китка магдонос
1 лимон
парче свеж ѓумбир

Приготвување:

Сите состојки се мијат и се сечат на помали парчиња. Излупете ги лимонот и ѓумбирот.

Состојките се ставаат малку по малку во соковникот, додека не направите сок.

Најдобро е сокот да се испие веднаш или во рок од 48 часа. Доколку сакате да го консумирате подоцна, префрлете го во сад со затворен капак и чувајте го во фрижидер.

Упатство за подготовка во блендер:

Исечените состојки ставете ги во блендер и додадете 1/3 чаша вода.

Добро измешајте со најголема брзина и процедете го сокот преку газа. За повеќе влакна, можете да го консумирате сокот заедно со пулпата.

Дополнителен совет
Можете да подготвите сок за детоксикација само од цвекло или да комбинирате цвекло со суперздрави семки од калинка. Останатите состојки наведени во овој рецепт дополнително ќе го хидрираат телото, ќе го снабдуваат со важни хранливи материи и ќе го стимулираат исфрлањето на токсините.

Ако страдате од анемија, одлична идеја е да подготвите сок од цвекло, свеж морков и амла! Вака, на природен начин ќе го подигнете нивото на железо во крвта.