Сок од јаболка, банана, ленено семе и други алтернативи за јајца

Фото: Unsplash
156

Има различни замени за јајца во рецептите и за нив се пишува често, но луѓето постојано изнаоѓаат нови и нови замени за оваа намирница која до скоро важеше за основна во секоја кујна

Можеби постите, или некој од семејството е алергичен на јајца или едноставно сте заборавиле да купите јајца, а веќе намисливте да направите нешто…

Еве неколку стари, но и некои нови предлози со што би можеле да ги замените јајцата. Веќе се испробани и покажале дека пецивата со нив се исто толку добри колку и со јајца.

1. Сок од јаболка
Се користи 1/4 чаша сок од јаболка без шеќер како замена за 1 јајце во повеќето рецепти. Според некои добро е да се помеша со 1/2 лажичка прашок за пециво. Ако се што имате е сок од јаболка со шеќер, тогаш едноставно треба да ја намалите количината на шеќер во рецептот. Сокот од јаболка е исто така популарна здрава замена за масло во голем број на бели пецива.

2. Банана
Се употребува 1/4 чаша згмечена банана (околу половина банана) наместо 1 јајце. Имајте превид дека сѐ што ќе правите на овој начин ќе има вкус на банана.

3. Ленено семе
Верувале или не, здравото ленено семе може да се користи како замена за јајца. Едноставно измешајте 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици вода и мешајте сѐ додека водата потполно не се апсорбира и искористете ја смесата како замена за 1 јајце.

4. Растително масло
Една четвртина шолја од растително масло може да замени едно јајце. Ако ви недостасуваат повеќе од едно јајце, тогаш подобро употребете некоја од другите замени затоа што инаку може да излезе многу мрсно.

5. Вода, зејтин и прашак за пециво
Измешајте 2 лажици вода, 1 лажица зејтин и 2 лажички прашак за пециво. Користете ја оваа смеса како замена за 1 јајце. Кога ја користите за правење на колачи или други бели пецива, резултатот е фантастичен.

6. Најново
Најновата варијанта за замена на јајцата е сокот од грав, конкретно онаа течност која се наоѓа во лименките со наут. Можеби ова нема да е соодветно за сите варијанти, но доколку за рецептот треба само белка, тогаш искористете како замена за една белка 3 лажици од течноста.
Ако успешно ги искористите овие замени можеби ќе посакате да гои користите повторно дури и тогаш кога нема да имате потреба, односно, дури и кога во фрижидерот ќе имате доволно јајца.