Сочни мафини од чоколадо и спанаќ

Фото: Pixabay
143

Направете сочни мафини во блендер и уживајте… Веруваме дека сте скептични околу мешањето на овие состојки, но ние сме секогаш подготвени за нови предизвици.

Сѐ уште не сме го испробале овој рецепт, но го споделуваме со вас, а откако ќе го испробате самите, споделете го со нас вашиот впечаток.

Овие мафини нема да нараснат како класичните, но ќе бидат воздушести и лесни – заблажени само со јаворов сируп. Ако употребите квалитетни состојки, како што е сирово какао, кокосово масло и темно чоколадо, ќе ви бидат одличен појадок.

Состојки:

160 г овесни снегулки

40 г какао во прав

1 ½ лажичка сода

¼ лажичка сол

2 мали зрели банани

1 големо јајце

100 г свеж спанаќ

1 лажица екстракт од ванила

50 г растопено кокосово масло

80 г јаворов сируп

60 мл млеко

130 г исечкано црно чоколадо

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте 12 калапи за мафини со путер. Смелете ги овесните снегулки, помешајте ги со какао, сода и сол.

Ставете ги во блендер бананите, јајцето, спанаќот, ванилата, кокосовото масло, јаворовиот сируп и млекото.

Измешајте се во компактна смеса.

Додадете ги во блендер подготвените суви состојки па сѐ заедно измешајте. На крајот додадете парченца чоколадо па уште кратко блендирајте.

Распоредете ја смесата во калапите, по желба поросете ги со уште малку исечкано чоколадо.

Печете ги отприлика 25 минути.