Со пиење чај, го продолжувате животот?!

Фото: Freepik
246

Според научниците, во споредба со оние кои не пијат чај, оние кои консумираат една до две шолји секој ден имаат меѓу девет и 13% помала смртност.

Пиењето чај потенцијално води до помала смртност, покажуваат истражувањата.

Според научниците, во споредба со оние кои не пијат чај, оние кои консумираат една до две шолји секој ден имаат меѓу девет и 13% помала смртност.

Нивното истражување, објавено во списанието Annals of Internal Medicine, покажува дека резултатите остануваат исти и ако таа личност пие кафе, додава млеко или шеќер во својот чај, независно од температурата и генетската способност на метаболизмот да го свари кофеинот.

Истражувачите од Британскиот национален институт за здравје (NIH) користеле податоци за половина милион мажи и жени на возраст меѓу 40 и 69 години, од кои 85% пијат чај секојдневно. Дури 89% од нив пијат црн чај, кој е најпопуларен во Велика Британија.

Фернандо Родригез Арталехо, професор по превентивна медицина и експерт за јавно здравје на Универзитетот во Мадрид, го опишал истражувањето како „значаен напредок во оваа област“.

Тој нагласил дека истражувањето покажува умерено намалување на смртноста кај оние кои консумираат чај, особено ако боледуваат од кардиоваскуларни заболувања.

Сепак, предупредил дека не може со сигурност да се каже дека чајот е единствената причина за намалена смртност, бидејќи не може да се исклучи дека за тоа се одговорни други здравствени фактори поврзани со конзумирањето чај.

Друго прашање што останува неодговорено е дали луѓето кои не пијат чај треба да почнат да го прават тоа за да го подобрат своето здравје, како што сугерира новото истражување.