Сутлијаш од овесни снегулки

Фото: Pexels
430

Овој десерт се прави по примерот на пудингот со ориз.

Овој рецепт кој е сличен на сутлијаш е многу популарен во Индија, но наместо ориз, основна состојка во него се овесните снегулки.

Десертот е многу лесен за подготовка. Потребни ви се само 10 минути.

Пудингот од овес е исклучително здрав. Во овој десерт можете да користите јаворов сируп или мед. Можете исто така да користите кравјо млеко наместо соја млеко за да го направите десертот.

За две лица ви се потребни следниве состојки:

1/2 шолја меки овесни снегулки

2 чаши млеко (или 1 чаша млеко + 1 чаша вода),

суво овошје по ваш избор (суво грозје, брусница, кајсии, гоџи бобинки)

бадеми или лешници, колку што сакате

4 лажици мед или евентуално 4-5 урми

Прстофат кардамон во прав (исто така можете да користите цимет),

прстофат морско оревче во прав

Приготвување:

Во сад со дебело дно, сварете го млекото (на умерена температура).

Додадете овесни снегулки, бадеми, ореви, суво грозје и зачини во зовриеното млеко.

Гответе десет минути, мешајќи постојано.

Послужете го десертот во чинии и украсете со овошје по ваш избор.

Десертот можете да го послужите веднаш или да почекате да се олади.