Тајнaта на најдобрите маратонци на светот е во домашниот гел од чиа семе

Фото: Pixabay
443

Како „Ред Бул стар десет илјади години“! Вака авторот на бестселерот „Родени за трчање“ во кој се обидува да ја открие тајната на Тарахумарите, најдобрите ултрамаратонци во светот, го опишал домашниот гел од чиа семе

Племето Тарахумари, кое себеси се нарекува Рарамури (луѓе кои трчаат, или луѓе со лесни нозе), се најдобрите ултрамаратонци во светот. Тие живеат на планините Сиера Мадре во северозападно Мексико, а за да ја откријат тајната на нивната брзина и издржливост, експертите и истражувачите ги истражувале нивната исхрана, начинот на живот, размислувањето, па дури и градбата на мозокот.

За тоа како Тарахумарите не се разгибуваат ниту се растегнуваат, не трчаат по атлетска патека или трева, туку по остри карпи и непристапен терен на стрмните кањони. Притоа, тие не ги надополнуваат редовно електролитите на станици за закрепнување ниту размислуваат за тоа дали нивниот паметен часовник ги лови „сателитите“ како што треба, но пред напорот често се освежуваат со домашна подготовка од чиа семе.

Овој „специјалитет“ го споменува и Крис Мекдугал во книгата „Родени за трчање“, не криејќи ја фасцинацијата со Тарахумарите. Наградуваниот новинар и тркач Кристофер Мекдугал има намера да ги открие нивните тајни заради честите повреди, а во напнатата приказна пишува и за чиа семето како Ред Бул стар десет илјади години.

Две лажици чиа семе имаат 140 калории, 4 грама протеини, 11 грама влакна, 7 грама незаситени масни киселини, калиум, натриум, калциум, цинк, магнезиум и антиоксиданти. Споредувајќи ја концентрацијата на лековити омега-3 масни киселини на килограм чиа семе и лосос – победуваат ситните зрнца.

Тарахумарите, чија исхрана се базира на грав, авокадо, тортилји и зеленчук, својот енергетски напиток или гел го добиваат такашто ја мешаат водата со семето. Понекогаш знаат да додадат малку мед или лимета. Овој препарат им овозможува издржливост и хидратација во текот на трчањето на високи температури.

Кога ќе се напие вода, чиа семето расте 10 пати, создавајќи гел. Откако ќе се изеде, го премачкува стомакот и создава бариера што ја забавува преобразбата на јаглени хидрати во шеќер. Така се стабилизира шеќерот во крвта за да се одржи енергетскиот баланс. Покрај тоа, малите семиња ги компензираат електролитите изгубени преку потта, и благодарение на протеините, се намалува оштетувањето на ткивото и се забрзува закрепнувањето по активноста.

Ако сакате да направите домашен гел кој ќе ви ја врати енергијата на трките или на планина, покрај чиа семето, можете да користите и урми, мед, сок од лимон, кокосово масло, сол – и какао и концентрат од вишни кој ги спречува воспалителните процеси.

Состојки за домашен енергетски гел:

3-4 суви урми
1 лажица чиа семе
1 лажица кокосово масло
1 лажица сок од лимон
1 лажица мед
1/4 лажиче сол
1 лажичка какао или 1 лажица природен сок од вишни

Приготвување:

1. Потопете ги урмите преку ноќ, извадете им ги семките и измешајте ги со останатите состојки.

2. Ставете го гелот во пластични кеси и чувајте ги во фрижидер или во замрзнувач.