Топ 5 јаткасти плодови препорачани од нутриционистите: Кои се добри за диета, а кои за имунитет?

Фото: Unsplash
479

Бадемите се најдобри за диета, а кикиритките се одлични за трудниците бидејќи го штитат нероденото бебе од разни оштетувања

Јаткастите плодови, поради нивната содржина на масти, предизвикуваат подолго чувство на ситост и на тој начин можат да помогнат во губењето на вишокот килограми. Пожелно е да се јадат меѓу оброците, со овошје, за да се издржи гладот ​​меѓу главните оброци и да се спречи прејадување – препорачува хрватската нутриционистка Наташа Шоштариќ.

Не се сите за диета

Макадамијата и пеканот содржат најмногу масти, затоа се и најкалорични, па се препорачува во исхраната да изберете помалку калорично овошје или да ги јадете овие јаткасти плодови во помали количини. Најдобро е кога сте на диета да јадете бадеми.

Јаткастите плодови го зајакнуваат имунитетот

Бадемите се богати со витамин Е, антиоксидант кој помага во борбата против воспалението, ракот на белите дробови и падот на когнитивните способности. Бразилскиот орев се препорачува за мажи бидејќи содржи селен кој штити од рак на простата.

Оревите содржат најмногу алфа-линоленска киселина, која е форма на омега-3 незаситени масни киселини и се одлични за одржување на здравјето на срцето и правилната функција на мозокот.

Бадемите содржат најмалку калории и се добар извор на витамин Е, кој е еден од најмоќните антиоксиданти. Го зголемуваат здравјето на коските, ја подобруваат меморијата и го решаваат запекот.

Бразилските ореви се одличен извор на селен, важен минерал кој има антиинфламаторно дејство и го штити срцето од оксидативно оштетување. Заштитува и од рак на простата, но треба да се внимава на количината.

Кикиритките содржат витамини од групата Б, кои учествуваат во правилното ослободување на енергијата во метаболизмот, а одличен е и за трудниците бидејќи го штитат нероденото бебе од разни оштетувања.

Лешниците се добар извор на минерали како што се магнезиум и фосфор, кои делуваат на опуштање на мускулите и градење на коските, како и бакар и манган, кои се одговорни за здрави коски.