Чај од смоквини листови против притисок, триглицериди, стомачни проблеми, дијабетес, бронхитис

Фото: Unsplash
871

Го нарекуваат и еликсир на животот бидејќи е богат со антиоксиданти и влакна, содржи витамини А, Б1 и Б2 и како минерали, калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.


Смоквата е овошје чиј плод е многу здрав, но не треба да го занемариме и листот од ова овошје, кој има и многу здравствени придобивки.

Листовите од смоква може да се користат за правење чај, кој многумина го нарекуваат еликсир на животот бидејќи е богат со антиоксиданти и влакна, а содржи витамини А, Б1 и Б2 и како минерали, калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Покрај тоа што можете да подготвите чај од смоквини листови, се препорачува и да ги џвакате, особено ако имате проблеми со чир на желудникот.

Ако имате проблеми со бронхитис, дијабетес, висок крвен притисок или чир на желудникот, направете го овој едноставен и моќен напиток. Чајот од лист од смоква помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди, обезбедувајќи дополнителна заштита на срцето и крвните садови.

Иако смоквите не се препорачуваат за дијабетичари поради високото ниво на шеќер, листовите се здрави и корисни за оваа група на луѓе бидејќи помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта, а со консумирање на чај од листови од смоква можете дури и да го спречите дијабетесот бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин.

Десет причини зошто треба да пиете чај од смоквини листови

  • го регулира нивото на шеќер во крвта
  • го стабилизира крвниот притисок
  • ги намалува триглицеридите
  • ги зајакнува коските
  • помага при кожни болести
  • помага при анемија
  • ублажува чир на желудникот
  • спречува запек
  • го зајакнува здравјето на срцето и крвните садови
  • помага при херпес

Сушење на листовите

Листовите од смокви лесно можете да ги исушите сами – измијте ги и исцедете ги на чиста кујнска крпа, па ставете ги врз сува крпа и повремено превртувајте ги на светло место, но не на сонце.

Ќе препознаете дека листовите се суви по тоа што се намалиле и се ронат под вашите прсти кога ќе ги стиснете. За побрзо да се исушат, можете малку да ги исечкате претходно.

Кога добро ќе се исушат, здробете ги и ставете ги во стаклена тегла со капак, а чајот подгответе го на вообичаен начин.

Правење чај

Во 200 мл зовриена вода ставете 1-2 лажички суви листови смоква, поклопете и оставете да отстои околу десет минути, а потоа процедете.