Совршен е за појадок, без многу работа околу подготвувањето. Се прави вечер претходно, а најубаво е да се јаде со свежо сезонско овошје или со јатки.
Пудингот со чиа семе е идеален оброк за појадок или како десерт во текот на денот, а можете да го направите за помалку од пет минути.
Чиа семето за кратко време стекна многу обожаватели и неверојатна популарност, особено помеѓу кулинарските блогери и луѓето кои промовираат здрава храна.
Често се спомнува помеѓу останатите производи означени како „суперхрана“, поради своите бројни здравствени својства.
Станува збор за целосно природен производ полн со антиоксиданси, витамини и минерали.
Постојат многу начини на кои можете да ги консумирате, но пудингот е нешто наједноставно што можете со нив да направите. Можете да го комбинирате во безброј варијанти, со кравјо или со некој вид на растително млеко, со какао или без, со различни видови свежо овошје или со јатки. Секако, можете да го направите и со јогурт или со вода.
Првенствено, чиа семето е богат извор на омега-3 киселини (кои делуваат против рак и спречуваат стареење на клетките), како и железо, магнезиум, калциум и антиоксиданти.
Чоколаден чиа пудинг
Состојки:
3 лажици чиа семе
1,5 чаша млеко
свежо овошје (на пр. банани, малини, јагоди).
Доколку сакате, можете да додадете лажичка мед или јаворов сируп за да добиете посладок вкус.
Приготвување:
Измешајте ги чиа семето, млекото и евентуално, мед, претурете во чаши и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Наутро, додадете свежо овошје по ваша желба.