Чувајте го срцето, пијте чај од глог! Време е за берба на едно од најлековитите растенија на светот

Фото: Unsplash
273

Токму сега е време за берење на овие црвени плодови кои е наједноставно да ги исушите, да ги смелете и да ги користите за чај. Глогот е прифатен како сигурен и ефикасен третман кај раните фази на срцеви болести и како ефикасна терапија кај веќе напреднати фази. Се препорачува по срцев удар, заради тоа што ја зголемува циркулацијата на коронарните крвни садови.

Малку луѓе знаат дека глогот, на кој обично не ни обрнуваме внимание, се смета за најлековито растение во природата. Глогот со векови се користел за лекување луѓе и животни, а бил незаменлив и во бројни магиски ритуали.

На крајот на краиштата, глогот ни е познат, ако не по неговите лековити својства, барем од приказните и митовите за тоа како вампирите можат да се уништат со кол од глог. Какви и да се религиозните и магичните верувања, факт е дека ова растение кое најчесто расте како плевел содржи бројни корисни својства кои го прават едно од најлековитите растенија во светот.

Одлично спречува срцеви заболувања

Во хомеопатските книги е наведено дека глогот е одличен како лек за срцето, а тинктурата направена од него е исклучително ефикасна за спречување на инфаркт. Се користи и за одржување на здравјето на крвниот систем, при висок крвен притисок, слабеење на срцевиот мускул и срцева аритмија.

Се препорачува после срцев удар, бидејќи го зголемува протокот на крв во коронарните крвни садови. Ја поттикнува активноста и подобрата исхрана на клетките на срцевиот мускул. Всушност, многу хомеопати, како и други кои се занимаваат со растенија и нивните лековити својства, веруваат дека сите постари од 50 години треба повремено да земаат тинктура од глог.

Други придобивки од ова растение

Покрај проблемите со срцето, глогот помага и кај следните здравствени проблеми:

замор и недостаток на енергија
лош сон
отежнато дишење
вртоглавица
нервоза
шум во ушите
симптоми на менопауза
вишок килограми
слабо сврзно ткиво на зглобовите
дигестивни проблеми.

Кога да се бере и како се прави чај од глог?

Плодовите од глог се берат наесен, кога се светло црвени. Потоа се сушат, а може и да се мелат, па се сушат и се користат за чај. Една кафена лажичка иситнети плодови од глог прелијте со 150 мл врела вода, покријте го садот и оставете да отстои 15-30 минути. Потоа процедете и пијте три пати на ден.

Магиски верувања

Со глогот се поврзани многу верувања и митови како што е оној за вампирите, односно, дека за да бидете сигурни дека вампирот нема никогаш да се разбуди, треба да го прободете со колец од глог право низ срцето.

Можеби ова верување има некоја врска со тоа што глогот од дамнешни времиња се користел токму како лек за срцето, па додека за луѓето било лек, се верувало дека за вампирите како нелуѓе, ќе биде смрт.