Што е тоа Буда чинија?

Фото: Unsplash
250

Иако правилото е дека нема правила, секоја Буда чинија има своја основа од ориз или нешто зрнесто за заситување. Се додава сварен или печен дел и нешто сирово или маринирано и се внимава на разновидноста на состојките. Вака подготвената чинија е комплетен оброк. Можат да послужат и остатоците од претходниот ден

Веќе неколку години на Интернет и во книгите се шират шарени Буда Боулс (Buddha Bowls) или Буда чинии. Постојат различни теории за тоа зошто го добиле своето име. Најмногу ни се допаѓа приказната со вистинскиот Буда, кој во никој случај не бил заоблен, како што го прикажуваат статуите, напротив, бил слаб и живеел аскетски живот. Буда се будел секое утро пред зори и ја носел својата чинија каде и да патувал.

Каде и да поминувал, локалното население му ставало храна во садот како донација и на крајот Буда јадел сè што му било дадено.

Тоа бил оригиналниот Buddha Bowl: голема чинија со храна што селаните ја имале на располагање и можеле да ја споделат со странец. Веројатно тоа била прилично здрава храна, бидејќи Буда живеел пред ерата на евтина преработена храна, но веројатно и прилично едноставна, а понекогаш можеби и само ориз или некое едноставно кари.

Иако по изгледот потсетуваат на корејското национално јадење Бибимбап, Буда Боулс неодамна еволуираа во посебно јадење на кое може да се додаде речиси сè од фрижидерот. Буда чиниите обично се вегански или вегетаријански, но секој може да го подготви својот оброк по желба, со оние состојки што ги има при рака.

Иако правилото е дека нема правила, секоја Буда чинија има своја основа од ориз или нешто зрнесто за заситување. Се додава сварен или печен дел и нешто сирово или маринирано и се внимава на разновидноста на состојките. Вака подготвената чинија е комплетен оброк.

Како да составите Буда чинија?

Основа:

Ориз, јачмен, киноа, амарант, просо, наут, леќа, булгур

Печен или варен дел:

Тиквички, моркови, модар патлиџан, брокула, прокељ, зелка, слатки компири, тиква, боранија, цвекло, јајца, пченка, домати, пиперки, печурки.

Сиров дел:

Свеж спанаќ, млад кромид, цвекло, репка, морков рендан или на стапчиња, спирала од тиквички, зелка, црвена зелка, калинка, ротквица, авокадо, краставици, рукола, никулци, ѓумбир.

Мариниран дел:

Ротквици, цвекло, репка, моркови, ѓумбир и слично.

За поросување:

Бадеми, ореви, сусам, ленено семе, црн сусам, ким, семки од тиква и сончоглед и слично кои може да се потпечат во тава.

Напомена за печењето:

Можете да пржите зеленчук на масло и да додадете, на пример, лук или масло од сусам за вкус. Морковите се особено добри ако додадете трошка шеќер или мед и капка рибен сос. Може да се додадат и чили и ѓумбир.

Морковите, пашканатот и цвеклото се одлични ако се потпечат во рерна. Пашканатот може претходно да се прелие со мед или јаворов сируп за да му се даде посебен вкус со печењето.

Рецепт за маринада:

Маринираните моркови, ротквици или цвекло може да се подготват неколку часа или денови однапред на следниов начин:

На шолја до шолја ипол исечкан или изрендан зеленчук, подгответе половина шолја вода и иста количина оцет (од ориз, вински или јаболков).

Измешајте ги водата и оцетот, додадете прстофат шеќер, малку сол, евентуално малку семе од анасон. Оставете да зоврие и прелијте го зеленчукот и оставете да се маринира најмалку 30 минути.

 На ова можете да додадете и чили, ѓумбир, масло, листови од коријандер.

Буда порциите можете, но и не мора да ги зачинувате дополнително со прелив.