Што е тоа нецелијачна чувствителност на глутен?

Фото: Unsplash
279

Потребни се неколку месеци за телото целосно да се исчисти од глутен. Затоа, ако „повремено“ изедете парче леб или колач, нема да постигнете резултати.

Нецелијачна чувствителност на глутен е едно од нарушувањата кај луѓето кај кои се исклучени целијакија, алергија на пченица и синдром на нервозно дебело црево. Оваа болест влијае на мал број луѓе. Симптомите може да се појават неколку часа до неколку дена по јадење храна која содржи глутен. Проблемите што ги предизвикува се поврзани со дигестивниот систем, но можат да влијаат и на други органи. Вообичаените симптоми вклучуваат дијареа, надуеност, гастроезофагеален рефлукс и болки во стомакот.

Симптоми

Некои од недигестивните симптоми вклучуваат замор, главоболка, проблеми со меморијата, трнци во нозете, дерматитис и болки во зглобовите и мускулите. Не е секогаш лесно да се повлече јасна граница помеѓу наведените симптоми.

Патогенезата на нецелијачната чувствителност на глутен не е целосно разбрана. Се претпоставува дека цитотоксичниот ефект на глутенот и другите житни компоненти е важен во развојот на симптомите. Ферментирани олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли, особено фруктаните, се присутни во мали количини во зрната што содржат глутен и се идентификувани како можна причина за некои гастроинтестинални симптоми како надуеност. Тоа не ги објаснува симптомите надвор од дигестивниот систем како што се невролошки нарушувања, фибромијалгија, психолошки нарушувања и дерматитис.

Идните истражувања треба да ја истражат генетската позадина, хистолошките карактеристики и факторите на ризик за нецелијачна чувствителност на глутен. Треба да се развијат веродостојни тестови кои би можеле да се користат во клиничката пракса за да се идентификува, потврди и третира ова нарушување.

Што да направите ако се сомневате дека глутенот ви предизвикува проблеми?

Што тогаш му останува на човекот да направи? Можете да го направите она што многу други веќе го направиле, тестирајте се. Кај лицата со автоимуни болести кои се чувствителни на глутен, исфрлањето на глутенот од исхраната го запира автоимуното уништување на ткивата, ги намалува антителата и симптомите исчезнуваат.

Т.н. елиминациско-провокациска диета е најдобриот тест што можете да го направите – тоа е стариот добар метод на „сопствена кожа“. Ова значи да го отстраните од исхраната она што се сомневате дека ве мачи (во овој случај, глутенот, но можете да го направите тоа и со друга храна) на некое време, барем еден месец и по можност подолго. Доколку во тој период вашето здравје се подобри или симптомите кои ве мачеле исчезнат, вие сте завршиле половина работа – елиминацискиот дел.

Сега останува да го завршиме преостанатиот дел од работата – провокацискиот дел. Ова значи дека повторно ќе почнете да ја јадете храната што сте ја исклучиле и ќе ја следите реакцијата на вашето тело. Доколку дојде до влошување, односно се вратат старите симптоми, тогаш знаете дека сте навистина чувствителни на глутен и дека мора трајно да го исфрлите од исхраната.

Многу луѓе го исфрлаат глутенот од исхраната и не се чувствуваат подобро, па заклучуваат дека глутенот не им претставува проблем. Грешка. Глутенот е проблем во повеќето случаи, но со елиминациската диета треба да се биде доследен. Не можете делумно да бидете на диета без глутен, бидејќи тогаш нема да правите ништо.

Потребни се неколку месеци за телото целосно да се исчисти од глутен. Затоа, ако „повремено“ изедете парче леб или колач, нема да постигнете резултати.