Што се појадуваше порано, кога здравата храна не беше опсесија?

Фото: Unsplash
350

Понекогаш се прашуваме, што јадевме порано кога немаше разноразни мусли, хумуси, чиа семе, авокадо и манго? Ајде, обидете се да се сетите кога последен пат сте јаделе пржени лепчиња? Што се појадуваше во времето кога здравата храна не беше опсесија?

Најчесто јадевме овесни снегулки? Чиа пудинг? Сендвич со авокадо? Како да не! Да не јадевме случајно банана со путер од кикиритки? Да, да сигурно. Најчесто јадевме јајца во милион варијанти. Или пак леб и паштета, или сендвич со салама, сирење и мајонез. Понекогаш, најчесто за викендите, ни правеа палачинки кои ги јадевме со домашни мармалади.

Наместо со 101 вид чоколади со 60. 70 или дури 80% проценти какао, нам ни правеа свежи јајца изматени со шеќер. Поточно, од свежи жолчки и шеќер што се матеше со вилушка додека смесата не се згусне. Денес поради страв од салмонела, никој не помислува да јаде термички необработени јајца. И јајцата не се тоа што беа…

Ете, ако и вие понекогаш се прашувате што јадевме порано кога немаше разноразни мусли, овесни и други снегулки, авокадо и манго.

Јадевме јајца во различни варијанти, јадевме пржени лепчиња, леб намачкан со путер и мармалад,…

Ајде, обидете се да се сетите што друго се појадуваше во времето кога здравата храна не беше опсесија.