Напитокот е добра опција за оние кои не внесуваат доволно влакна во организмот, но и како средство за хидратација. Секако, тоа не значи дека можете да јадете или да пиете што сакате и да го средите тоа со овој пијалак. Имено, за чистење и детоксикација на телото се одговорни бубрезите и црниот дроб, а не водата со лимон и чиа.
Во текот на летото на социјалните мрежи се појави нов тренд на пијалак со чиа семе. Со повеќе од 40 милиони прегледи на TikTok, овој пијалак ветува целосен пресврт за дигестивниот систем, а е поедноставена верзија на Chia Fresca, популарен пијалак кој секојдневно и во големи количини се консумира во Мексико и во Централна Америка. Многумина се приклучија на овој тренд и ги споделија своите искуства. Додека некои велат дека пијалакот директно влијае на дигестивниот систем и на цревата, други тврдат дека служи како одличен детоксикатор после викенд исполнет со брза храна и алкохол. Некои корисници на TikTok објаснија дека забележале дека пијалакот навистина им помогнал да поттикнат здраво варење и да ја намалат надуеноста. Бидејќи чиа семчињата апсорбираат вода триесет пати поголема од нивната тежина, тие помагаат во регулирањето на нивото на телесните течности и ги задржуваат електролитите, што е клучно за борба против дехидрацијата.
Како да подготвите чиа пијалак со лимон?
Овој напиток содржи само три состојки: вода, сок од лимон и чиа семе.
Потребно е да се измешаат 180 мл вода со две лажици чиа семе. Измешајте, оставете да отстои околу 10 минути и додадете сок од половина лимон. Семчињата ќе се спуштат на дното, па затоа треба да се мешаат секој пат пред консумирање.
„Секоја состојка во овој пијалак може да помогне за здравјето на дигестивниот систем, но нема да го излечи коренот на проблемот, а неговата ефикасност зависи од организмот на секој поединец“, објаснува Лаура Лигос, специјализирана нутриционистка од Америка, пренесува usatoday. com. Напитокот е добра опција за оние кои не внесуваат доволно влакна во организмот, но и како средство за хидратација. Пијалакот нема недостатоци. Чиа семето е корисно да се конзумира бидејќи содржи најмногу влакна и му обезбедува на телото соодветни минерали и витамини, без оглед на формата во која се внесува во организмот. Семето може да се стави и во јогурт, пудинг или смути.
Кои се вистинските придобивки од трите состојки во овој пијалак?
Чиа семе: Покрај тоа што се богати со влакна, тие имаат голема хранлива вредност и ги содржат сите три макронутриенти: сложени јаглехидрати, здрави масти и квалитетни протеини. Тие се богат извор на калциум и железо и придонесуваат за губење на тежината и намалување на нивото на холестерол во крвта.
Лимон: Ова цитрусно овошје е богато со пектини, кои делуваат како пребиотик и поттикнуваат здрав цревен микробиом. Кората од лимон е особено богата со пектини, а конзумирањето на ова овошје се препорачува за спречување на болести на срцето, крвните садови и рак на дебелото црево.
Вода: Водата има незамислива предност во празнењето на цревата. Доволното внесување вода е клучно за исфрлање на несаканите токсини преку потта, урината и столицата.
Колку е ефикасен напитокот и кои се недостатоците?
„Овој пијалак не треба да се користи како примарна исхрана за здравјето на цревата и треба дополнително да се внимава да се обезбеди доволен внес на влакна и овошје и зеленчук“, додала нутриционистката Лигос. Проблемот се јавува кога поединците целосно му веруваат на трендот поради неколку добри критики и искуства. Пиењето на напитокот изгледа како брзо решение, што може да биде случај само за краток временски период. Бубрезите и црниот дроб се одговорни за чистење и детоксикација на телото, а не водата со лимон.
„Идејата дека можете да јадете или да пиете што сакате и да го средите тоа со детоксикација, на пример со овој пијалак, е погрешна. Тоа може да доведе до тенденција за прејадување, па дури и до посериозни нарушувања во исхраната“, објаснила диететичарката Ленокс Хил од Њујорк.
Сепак, треба да се обрне внимание и на прекумерното внесување влакна. Некои експерти веруваат дека прекумерната количина на влакна може да предизвика уште поголема надуеност. Тоа е затоа што кога консумирате влакна, тие црпат вода од вашето тело, што на крајот предизвикува дехидрација. Ова предизвикува отежната столица.