Компирите често се случува да подникнат иако ги чувате на ладно, суво и темно место. Овој проблем ќе го решите такашто ќе ставите едно јаболко помеѓу компирите. Овој и уште некои интересни совети за зачувување на свежината на намирниците
Често ви се случува салатата, спанаќот и блитвата да ви овенат пред да стасате да ги изедете, а морковите и компирите омекнале, авокадото и јаболката скапале. Ова најчесто се случува со зеленчукот и овошјето кои мора релативно брзо да се искористат. Со овие совети продолжете го векот на траење на свежите намирници.
Овошје
Јаболките секогаш чувајте ги посебно затоа што гнилите јаболка ќе го уништат останатото овошје.
Овошјето и зеленчукот не ги мијте пред да го ставите во фрижидер. Исклучок од ова правило е зрнестото овошје кое ќе трае подолго ако накратко се потопи во вода со малку оцет (во размер 3/1). Потоа овошјето измијте го и добро исушете го пред да го ставите повторно во фрижидер.
Лимон
Ако го оставите лимонот на собна температура, ќе издржи околу една недела. Ако се стави во кесичка и добро се затвори и се стави во фрижидер. Ќе издржи еден месец.
Компир
Компирите често се случува да подникнат иако ги чувате на ладно, суво и темно место. Тој проблем ќе го решите такашто ќе ставите едно јаболко помеѓу компирите. Ова може да го забави никнувањето, но сепак повремено проверувајте дали е јаболкото се уште здраво, доколку почнало да скапува, заменете го со ново.
Леб
Најдобро е да се чува во кутија за леб. Ако немате, би требало да го извадите од картиената кесичка и да го ставите во пластична кеса со перфорирани дупчиња кои ќе му даваат малку воздух. Лебот не се чува во фрижидер.
Зелена салата
Џејми Оливер прави вака: издвојте ги листовите, но не ги сечете на помали парчиња. Потоа потопете ги во вода на 10 минути и исцедете ги. Во фиоката за овошје и зеленчук во фрижидерот ставете чиста крпа, листовите салата наредете ги врз неа, па покријте ги со друга крпа.
Трајно млеко
Ова млеко се расипува без да се скисели. Не можете ни да забележите дека повеќе не е добро, а тоа е расипано! Затоа отвореното млеко чувајте го во фрижидер најмногу 4 дена.
Кашкавал
Вакумираните парчиња можат да седат во фрижидерот до датумот што е означен на пакувањето. Отворените можат да се завиткаат во кујнска крпа попрскана со оцет.
Моркови
Ако сте купиле моркови со листови, отстранете ги пред да ги стваите во фрижидер. Освен тоа, морковите ќе издржат подолго ако се завиткаат во мокра кујнска крпа и се чуваат во фиоката за зеленчук и овошје.
Авокадо
Одберете тврд плод и завиткајте го во хартиена кеса или хартија од весник и оставете го надвор од ладилникот за да дозрее.
Преполовеното авокадо брзо потемнува па за да го спречите ова, не ја отстранувајте семката, а пресечената површина премачкајте ја со маслиново масло или сок од лимон. Потоа можете да го ставите во фрижидер.
Зачински билки
Малата пластична кеса може да направи чуда. Ливчињата ставете ги внатре и потоа во фрижидер. Така можат да траат со денови. Зачинските билки кои сте ги губиле во китка ставете ги во чаша вода како цвеќе. Ако не ги искористите набрзо, искинете ги ливчињата и сепак ставете ги во пластична кеса и право во фрижидер.