Како што старееме, одржувањето на когнитивното здравје станува наш главен приоритет. Добрата вест е дека храната што ја јадеме може да има значително влијание врз способноста на мозокот да функционира добро, па дури и врз растот на нови мозочни клетки.
Неврологот и тик-токер д-р Роберт Лав се специјализирал за помош на луѓето за превенција на Алцхајмеровата болест преку научни истражувања и практични совети за исхрана.
Во неодамнешното видео на Тик-Ток, тој нагласил дека храната што ја јадеме ги обезбедува суровините што му го даваат на мозокот материјалот што му е потребен за создавање нови мозочни клетки.
Ова сознание е особено охрабрувачко со оглед на истражувањето на д-р Елизабет Гулд од Универзитетот Принстон, кое покажува дека можеме да одгледуваме нови мозочни клетки дури и во 90-тите години, пишува SheFinds.
Д-р Лав ја нагласува важноста на одредени намирници кои се особено корисни за когнитивното здравје.
Со вклучување на храна како сардина, кисела зелка и харинга во вашата исхрана, можете да ја поддржите функцијата на мозокот, да ги поправите оштетените клетки и да ги подобрите вкупните когнитивни перформанси.
Дознајте повеќе за нивните придобивки подолу.
Сардини
Сардините се богати со хранливи материи неопходни за здравјето на мозокот.
„Сардините се здрава, масна риба богата со омега-3 масни киселини, особено со DHA“, вели д-р Лав.
Овие омега-3 масни киселини се клучни бидејќи мозокот освен што е составен од вода, се состои и од масти.
Јадењето здрави масти како оние што се наоѓаат во сардината му обезбедуваат на мозокот потребни материјали за поправка и раст на нови мозочни клетки.
Докторот ја нагласува важноста од изборот на одржливо одгледувани сардини, кои не само што го поддржуваат вашето здравје, туку и животната средина.
Кисела зелка
Киселата зелка може да биде изненадување за многумина, но нуди значителни придобивки за здравјето на мозокот поради поврзаноста помеѓу цревата и мозокот.
„Киселата зелка е одлична за вашиот мозок. Не мора да го стимулира растот на мозочните клетки, но внесува добри бактерии во цревата”, објаснува д-р Лав.
Цревата и мозокот се поврзани преку нервус вагус, формирајќи го она што е познато како врска црево-мозок.
„Вашите цревни бактерии се навистина важни за здравјето на вашиот мозок“, додава тој. Вклучувањето на барем една вилушка кисела зелка дневно може да помогне во одржувањето на здрав цревниот микробиом, кој пак ја поддржува когнитивната функција.
Харинга
Друга риба која доктор Лав силно ја препорачува е харингата.
„Харингата е една од најздравите помали масни риби и има многу малку жива“, вели тој.
Слично како и сардините, таа е богата со здрави масти кои ги обезбедуваат суровините неопходни за создавање на нови мозочни клетки.
Харингата не е корисна само поради содржината на омега-3 киселини, туку и поради тоа што е вкусен и разноврсен додаток на вашата исхрана.
На крајот на краиштата, вклучувањето на овие три намирници во вашата исхрана може значително да влијае на здравјето на вашиот мозок и когнитивната функција, особено како што стареете. „Важна е храната што ја јадете“, нагласува д-р Лав.
Со снабдување на вашиот мозок со вистинските хранливи материи, можете да го поддржите растот на нови мозочни клетки и да го одржувате когнитивното здравје во подоцнежните години.