4 типа на исхрана за луѓе со автоимуна болест

Фото: Pexels
480

Одредени намирници и начинот на исхрана можат да бидат корисни за лицата со автоимуни болести, а секоја реакција на организмот секогаш треба да се евидентира.


Автоимуните болести секогаш бараат посебна диета. Ако имате целијачна болест, Кронова болест или ревматоиден артритис, јадењето или избегнувањето на одредена храна навистина може да влијае на симптомите и текот на болеста.

Затоа експертите препорачуваат 4 типа на исхрана наменети за луѓе кои страдаат од автоимуна болест.

Автоимуната болест покажува одговор на промените во исхраната

Не постои прифатена дефиниција за „автоимуна исхрана“, односно онаа која може да помогне да се потиснат симптомите на разни автоимуни болести како мултиплекс склероза, ревматоиден артритис и лупус.

Сепак, постојат некои истражувања кои сугерираат дека одредена храна може да биде корисна за луѓето со автоимуна болест, која се јавува кога имунолошкиот систем по грешка го напаѓа телото. Општо земено, повеќето автоимуни болести реагираат на некои промени во исхраната, без разлика дали се работи за Хашимото, ревматоиден артритис, целијачна болест или Кронова болест.

Иако постојат заеднички карактеристики за таканаречената автоимуна диета (на пример, повеќето вклучуваат антиинфламаторна храна), специфичните промени во исхраната мора да се приспособат на личноста и нејзината болест.

Исхрана со автоимун протокол (AIP)
Понекогаш се нарекува и исхрана со Палео автоимун протокол.

AIP е екстремна верзија на популарната палео диета, која се залага за враќање на видовите на храна што ја јаделе нашите палеолитски предци.

Храна што треба да се избегнува се житарици, мешунки, млечни производи, преработена храна, рафинирани шеќери, индустриски масла од семиња, јајца, јаткасти плодови, семиња, алтернативни засладувачи, емулгатори и згуснувачи на храна.

Станува збор за исклучително урамнотежена и хранлива диета во која не се консумираат намирници кои ги иритираат цревата, предизвикуваат дисбиоза на цревата и го активираат имунолошкиот систем.

AIP следи протокол за елиминација каде што различни групи на храна кои можат да придонесат за воспаление се елиминираат од исхраната, а потоа полека повторно се воведуваат.

Антивоспалителна диета

Оваа диета е слична на многу популарната медитеранска диета, за која е докажано дека го намалува ризикот од хронични болести.

Го продолжува животот и ги намалува симптомите на некои автоимуни болести, како што е ревматоидниот артритис.

Фокусот е на антиинфламаторната храна како риба, маслиново масло, овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и семки.

Храната треба да биде што е можно поприродна, како на пример, морска риба.

Домашните јадења се уште подобри, бидејќи тогаш ги знаете сите состојки што се користат.

Растителна исхрана

Постојат докази дека исхраната базирана на растенија може да им користи на луѓето со автоимуни болести.

Покрај тоа, и AIP и антиинфламаторната диета, исто така, имаат силен фокус на овошјето и зеленчукот.

Меѓутоа, ако имате автоимуна болест, може да откриете дека подобро го поднесувате зеленчукот кога е сварен.

Големите молекули можат да го предизвикаат имунолошкиот систем, но кога готвите храна, ги разградувате молекулите.

Диета без глутен
Глутенот е името на протеините во пченицата, ‘ржта и јачменот и го оштетува тенкото црево кај луѓето со целијачна болест, уште една автоимуна состојба.

Глутенот е голема молекула која може да предизвика имунолошки одговор.

Единствениот начин за лекување на целијачна болест е да се избегне глутенот, кој го има не само во лебот, туку и во тестенините, супите, сосовите, преливот за салата и низа други производи. Бидејќи многу луѓе со целијачна болест имаат и други автоимуни болести, диетата без глутен може да им користи и на другите.

Во некои случаи, едноставното подобрување на севкупниот квалитет на исхраната може да помогне.

Евиденција за храна и симптоми

Доколку пациентите имаат силно сомневање дека храната може да биде поттик за влошување на нивната здравствена состојба, тогаш прибегнуваат кон водење евиденција за храната и симптомите. Иако „најдобрата“ автоимуна диета ќе биде различна за секој пациент, оние кои се подготвени да одвојат време да ги истражат нивните симптоми и да го подобрат нивниот севкупен квалитет на исхрана се чини дека го прават најдоброто за себе.

Високиот внес на овошје и зеленчук и малиот внес на преработена храна се секогаш добитна комбинација, а исто така се вообичаени за генерално здрава исхрана.