4 трикови за совршено вкусна палента

Фото: Unsplash
521

Дознајте како да направите палента по рецепт на италијанските баби, кој секој пат успева.

Рецептот за палента потекнува од северна Италија, а ова вкусно јадење често се подготвува кога

дома немате ништо друго. Иако подготовката е едноставна, а состојките се евтини, сепак можете да

направите грешки при готвењето.

Според оригиналниот рецепт се подготвува со вода, но многумина мислат дека ќе има подобар

вкус ако ја зготват со млеко или супа. Во останатиот дел од текстот, дознајте како да направите

палента по рецепт на италијанските баби, кој секој пат успева.

1) Гответе со вода

Секогаш варете ја со вода бидејќи ќе овозможи полесно да се впие солта и посилно да се

почувствува вкусот на пченката од палентата или брашното, додека тоа не е случај со млекото или

супата.

2) Правилна количина на состојките

Кога сакате да направите совршено вкусна палента, треба да користите 4 шолји вода, 1 шолја

палента и 1 чаша млеко. Ова е доволна количина за 4 лица. Соодносот е 1:5, а една чаша вода се

заменува со чаша млеко.

3) Мешање на палентата

Според традицијата, палентата се меша само со дрвена мешалка и во насока на стрелките на

часовникот. Не мора строго да го следите ова правило, па палентата можете да ја мешате како што

сакате.

4) Додавање зачини и состојки

Кога сè ќе подготвите, време е за зачините. Бидејќи палентата во основа е пченка, потребно ѝ е

многу сол, а можете да додадете и малку пипер. Можете да додадете и малку рузмарин и пармезан.

Последните две состојки се по желба, но на палентата ќе ѝ дадат посебен вкус.

Прочитајте го и рецептот за палента:

Состојки:
1 шолја палента
1 шолја вода
1 шолја млеко
1/3 шолја пармезан
3 лажици путер
сол и црн пипер

Приготвување:

Истурете вода во тенџерето и посолете. Кога ќе зоврие додадете ја палентата, па варете на тивок

оган со постојано мешање. По 10 минути пробајте ја палентата да видите дали омекнала. Истурете

го млекото во палентата, зачинете со пипер и продолжете да готвите со постојано мешање. Гответе

уште 10 минути додека не добиете кремаста и мазна смеса. После тоа, додадете го ренданото

сирење и варете со мешање додека не се растопи. Тргнете ја од шпоретот и додадете го путерот, па

мешајте додека не се растопи. Доколку е потребно, додадете уште малку зачини.