6 чекори до сопствена органска градина

Фото: Unsplash
360

Природната синергија помеѓу некои растенија може да помогне во борбата против штетниците – ако ги засадите блиску едно до друго, нивната сила и принос се зголемуваат, а тие се подобро заштитени од штетници.

Време е да почнете да размислувате за пролетното градинарство и да дозволите вашата градина оваа година да биде најдобрата што некогаш сте ја засадиле. Зошто? Светот станува сè понесигурно место за живеење. Можеби наскоро ќе ви требаат сопствени извори на храна и здравје засадени во вашата градина. Органското градинарство не поддржува употреба на хемикалии кои вештачки постигнуваат побрз раст на растенијата и нивна заштита од инсекти.

Органското одгледување се заснова на природни градинарски принципи кои се користат илјадници години. Пермакултурното органско градинарство оди чекор подалеку, нагласувајќи ја потребата за одржливо одгледување растенија, функционирање во хармонија со природната средина. Пермакултурното органско градинарство станува сè попопуларно. Сè повеќе луѓе го прифаќаат овој евтин и релативно лесен начин да одгледуваат сопствено овошје, зеленчук, билки и цвеќиња.

 

1. Изберете локација

Набљудувајте ја земјата во која планирате да почнете да одгледувате неколку пати на ден. Обрнете внимание на деловите кои се претежно на сонце, и на оние кои имаат повеќе сенка. Ако сонцето е реткост во вашата област, изложувајте ги растенијата на него колку што можете повеќе. Од друга страна, ако живеете во области каде што има многу сонце, со подолги сушни периоди, обидете се да ги заштитите растенијата со сенка. Исто така, размислете како да ги заштитите растенијата од силни ветрови што можат да им наштетат. Дури и малите градини имаат своја микроклима. Имајте го ова на ум кога садите за да им обезбедите на растенијата доволно сонце или сенка, според нивните специфични потреби.

 

2. Изберете растенија

Избегнувајте растенија склони кон болести и растенија кои тешко се одгледуваат, на кои им треба прскање или кастрење. Подобро е да изберете растенија кои успеваат во вашата област отколку растенија што треба да ги заштитите од влијанија од околината кои не им одговараат. Ако е можно, изберете растенија кои ќе ви користат на многу начини: оние кои цветаат во првата сезона и даваат плодови во втората, кои со крошната ќе создадат сенка за другите растенија и ќе ѝ дадат природна убавина на вашата градина. Домашните растенија ќе привлечат природни опрашувачи како пчели и пеперутки кои ќе ѝ дадат дополнителен шарм и убавина на градината.

 

3. Направете дом за вашите растенија

Направете подигнати гредички кои ќе ја олеснат грижата за растенијата, ќе обезбедат подобра циркулација на воздухот, ќе ги заштитат од студот и ќе ја намалат потрошувачката на вода. Органска градина можете да направите и во стан! Подигнатите цветни леи и вертикалното садење ќе ви овозможат да одгледувате лековити растенија, зеленчук и цвеќиња на мал простор.

4. Хранење на вашите растенија

Една од главните задачи на пермакултурната органска градина е да се избегне отпад. Имањето градина ви дава можност повторно да го користите природниот отпад како што се лушпи од јајца, лушпи од овошје и зеленчук, остатоци од кафе и друг природен отпад што обично го фрлате во ѓубре. Од овој отпад, направете компост кој е како злато за вашите растенија.

 

5. Наводнување на растенијата

Современите градинари не ги следат принципите на одржливост и зависат од изворите на вода. Тие користат црева и прскалки за одгледување растенија за кои е потребна многу вода во суви области. Пермакултурната органска градина максимално користи природни извори на вода, искористувајќи ги подземните и дождовните води. Оставете буриња на отворено каде што ќе се собира дождовница што ќе ја користите за наводнување на вашата градина.

 

6. Заштита на растенијата од штетници

Избегнувањето хемикалии не значи дека ќе имате градина полна со штетници. Природната синергија помеѓу некои растенија може да помогне во борбата против штетниците – ако ги засадите блиску едно до друго, нивната сила и принос се зголемуваат, а тие се подобро заштитени од штетници. Како што растенијата имаат лековито дејство врз човековото здравје, тие исто така можат позитивно да делуваат и едни на други.

Повеќе за компатибилните билки прочитјте ТУКА.