6 идеи за лесен летен појадок

Фото: Pexels
379

Здравата и урамнотежена исхрана е клучен фактор за одржување на добро здравје, а треба да се прилагоди и на сезоната.
Доколку барате лесни рецепти за појадок за вашиот стомак, пробајте некои од овие предлози.

Без разлика на жештините, не треба да ги прескокнуваме оброците, а ова правило особено важи кога е појадокот во прашање.

Иако има и некои поинакви ставови, ние сепак си стоиме на тоа дека појадокот е најважниот оброк во денот, а во текот на летото треба да му посветиме малку повеќе внимание и да избереме лесен појадок.

Здравата и урамнотежена исхрана е клучен фактор за одржување на добро здравје, а треба да се прилагоди и на сезоната.

Така, во летните месеци треба да избираме што е можно полесна храна која нема да биде тешка за желудникот, а оброците да ги збогатиме со што повеќе овошје и зеленчук.
Од слатки до солени опции, има навистина многу идеи за лесен летен појадок, а во продолжение ви претставуваме неколку од нашите омилени рецепти.

Зрнесто сирење и овошје

Зрнестото сирење е одлична опција за појадок бидејќи е богато со протеини, вкусно е и хранливо. Можете да го засладите со малку мед и овошје, како што се јаболка, круши, смокви и слично.

Сезонска овошна салата

Овошната салата е избор со кој е навистина тешко да се погреши во текот на летото.

Лесна е и секој може да ја направи, а може да се однесе и на работа.
Подготовка:

Измешајте ги омилените сезонски овошја како смокви, праски, малини, боровинки, банани или јаболка, засладете со малку мед, додадете една шака сечкани јаткасти плодови и готово.

Уживајте во лесен летен појадок.

Чиа пудинг

Пудингот од чиа семе е најдобро да се остави преку ноќ, па затоа треба да го подготвите навечер. Подготовка:

Прелијте го чиа семето со млеко (наша препорака е кокосово) и оставете го во фрижидер, наутро додадете го омиленото овошје како манго или праска, по желба засладете со мед или сируп од агава и појадокот е подготвен за консумација.


Освежително и вкусно

Свежо овошје и грчки јогурт

Грчкиот јогурт е богат со протеини и калциум, што го прави идеална опција за појадок.
Подготовка:

Во сад додадете грчки јогурт и свежи бобинки како што се боровинки, капини и малини, малку мед и сечкани ореви.

Овој појадок е лесен, но и многу хранлив и ќе ве наполни со енергија.

Тост со авокадо
Тост со авокадо е уште една класика кога станува збор за појадок.

Лесен е и хранлив и исклучително вкусен.

Подготовка:

Подгответе две кришки леб и потпечете ги на тава или во тостер.

Измешајте авокадо со малку сок од лимон и маслиново масло, изгмечете со вилушка и посолете и побиберете.

На препечениот леб намачкајте малку путер, а потоа намачкајте го намазот од авокадо и неколку исечени шери домати.

Чаша смути

Смутито е секогаш добар избор, особено во лето, бидејќи е освежителен и многу хранлив, а брзо се подготвува.

Подготовка:

Во блендер ставете свежи бобинки, додадете малку портокал, неколку лажици вода и една лажица путер од кикиритки.

Мешајте додека смесата не се изедначи, па префрлете во чаша.

Украсете со банана, гранола, јаткасти плодови или семки и уживајте.