7 видови на овошје и зеленчук со отровни делови

Фото: Pexels
503

Некои од намирниците кои често ги користиме во кујната содржат токсични делови кои можат да претставуваат закана по здравјето, особено за малите деца или животните.

Знаеме дека некој што не е стручњак не треба сам да излегува и да бере печурки, но помалку е познато дека и во вообичаеното овошје и зеленчук може да се најде по некој опасен дел.

Според WebMD, некои билки морале да се прилагодат за да опстанат, па така некои развиле отрови за да ги спречат грабежливците да ги јадат.

Некои од овие растенија и нивните плодови ги консумираме речиси секој ден, но не секој е свесен за потенцијалниот ризик.

Семки од јаболко и овошје со семки

Ако некогаш сте каснале семки од јаболко или цреша, знаете дека имаат горчлив вкус.

Сличен вкус можете да препознаете и во семките на друго овошје со семки како кајсија, праска и слива.

Непријатниот вкус е всушност одбрана што овие растенија ја користат за да им бидат невкусни на луѓето и животните.

Тој вкус доаѓа од соединението наречено амигдалин што се претвора во цијанид кога се меша со киселина во човечкиот дигестивен систем.

Голтањето неколку семки од јаболка нема да има никакво дејство, но секогаш треба да се избегнуваат иситнети семчиња.

Недоволно сварен грав

Многу мешунки може да го вознемират желудникот ако се недоволно сварени, но особено е важно да внимавате на гравот.

Според Универзитетот Лова (Lowa), гравот содржи соединение фитохемаглутинин, што може да предизвика мачнини, дијареа и повраќање ако гравот не е правилно подготвен.

Готвењето ја разградува оваа хемикалија, затоа погрижете се целосно да го сварите грав.

Лисја, корен и стебла од домати

Листовите, корените и стеблата на доматите содржат алкалоид (томатин) кој е благо токсичен во големи количини, иако повеќето луѓе ќе доживеат само стомачни тегоби од него.

Животните, од друга страна, се почувствителни. Ако одгледувате домати дома и имате куче кое сака да џвака работи, погрижете се да ги ставите вашите растенија подалеку од дофат на миленичето.

Изникнати компири
Иако компирот е безбеден за јадење дури и по никнувањето, постојат делови што треба да ги отстраните за да се заштитите од болести.

Никулците се дел од компирот што ќе никне во ново растение доколку се посее, а содржат соединенија кои можат да предизвикаат главоболки, повраќање или други дигестивни проблеми.

Лушпата од компирот исто така ги содржи овие соединенија, иако треба да јадете големи количини од нив за да се разболите.

Затоа е безбедно да се јаде варен или печен компир со лушпа.

Сепак, зелената кора од компирот треба да се излупи пред да се готви за да се избегне потенцијална негативна реакција.

Лисја од рабарбара

Листовите на рабарбарата се богати со оксална киселина, која може да предизвика бубрежна инсуфициенција или бубрежни камења доколку се консумираат во големи количини.

Истото ова потенцијално штетно соединение од листовите на рабарбарата се наоѓа и во спанаќот, брокулата, карфиолот и прокељот, но во многу помали количини.

Сирови индиски ореви

Додека ги сметаме индиските ореви за јаткасти плодови, тие се всушност семки од индиски орев, растение кое најчесто се наоѓа во Амазон.

Лушпите од индиски ореви се покриени со анакардинска киселина, која е поврзана со киселината што се наоѓа во отровниот бршлен.

Затоа никогаш нема да видите индиски ореви кои се продаваат во лушпа како кикиритките, туку речиси секогаш доаѓаат печени за да се избегне потенцијално труење.

Бозел
Чајот и сокот од бозел се незаменлив дел од традицијата на нашите простори, но помалку е познато дека незрелите бобинки, кората и листовите од бозел може да предизвикаат гадење, повраќање и грчеви во стомакот. Истите симптоми може да се појават ако консумирате свеж бозел, а токсичноста исчезнува со термичка обработка на бобинките.

Морско оревче

Мускатното оревче е вкусен додаток на десертите и зимските јадења, но во поголеми количини може да биде токсично.

Доволни се само две лажички за да предизвикате симптоми како вртоглавица, збунетост и халуцинации.

Неколку прстофати морско оревче што ќе ги додадете во храната се безбедни за консумирање и нема да предизвикаат никакви несакани ефекти.