Меѓудругите, одличен извор на протеини кој ги содржи сите девет амино киселини е и тофуто
Јајцата се здрави, тие се одличен извор на протеини (едно јајце содржи околу 6 г протеини), тие се евтини, но ако ги јадете секој ден, нормално е дека ќе ви здосадат. Затоа ви носиме листа на намирници со кои повремено можете да ги замените.
Грчки јогурт – содржи 10 г протеини на 100 г. Ако ви треба нешто за обновување на мускулите, изберете грчки јогурт, тој е вкусен, лесен за консумирање и полн со протеини.
Семки од тиква – содржат околу 10 г протеини на 1/4 шолјичка. Тие се познати по тоа што содржат многу магнезиум, а помалку се познати како богат извор на протеини. Добар начин да го збогатите ручекот со протеини е да ги додадете во салата.
Наут – содржи 19 г протеини на 100 г. Наутот содржи железо, калциум, магнезиум, манган, цинк, витамин К, кои се важни за здравјето и јачината на коските.
Тофу – во зависност од производителот, содржи од 9 г до 20 г протеини на 100 г. Тофуто ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е идеална храна за консумирање во секое време од денот. Содржи и магнезиум, бакар, цинк и витамин Б1.
Бадеми – содржат 21 г протеин на 100 г. Бадемите се високопротеинска храна и одличен избор за ужина бидејќи се богати со витамин Е, бакар и магнезиум.
Грашок – содржи 5 г протеини на 100 г. Содржи железо, витамин Б1 и Б6, витамин Ц, витамин К.
Овес – содржи околу 7 г протеини на 100 г. Вистина е дека овесот претежно содржи јаглехидрати, но не е занемарлива ниту количината на протеини, а покрај тоа, дел од овие јаглехидрати отпаѓаат на влакна кои се неопходни за здраво варење. Овесот содржи и витамини, минерали и антиоксиданти.
Сејтан – содржи 75 г протеини на 100 г. Тој е одличен извор на протеини, особено за веганите и вегетаријанците, а се добива од пченичен глутен, па затоа не е погоден за луѓе чувствителни на глутен.
Зрнесто сирење – содржи околу 11 г протеини на 100 г. Содржи незаситена масна киселина позната како транс-палмитолеинска киселина. Ако некое лице има повисоко ниво на оваа киселина во крвотокот, има три пати помали шанси да развие дијабетес тип 2, според студијата на Харвард.