Посен колач со мак и чиа

324

Овој посен колач е од оние брзите и лесните, со состојки кои лесно можете да ги замените со други и наместо да изгубите, од вкусот, да добиете уште подобар

За овој колач не ви требаат јајца, млеко или путер, но добро е да имате малку кокосово масло, барем за малку пообилно подмачкување на тепсијата каде што ќе се пече, за да добиете покрцкав вкус.

Исто така, ако немате доволно брашно, можете да ставите малку повеќе гриз или обратно. Ние наместо цела чша гриз, ставивме пола гриз, пола брашно од хељда, но може даа биде и кое било друго, на пример, може и овесно, но резултатот е најдобар со хељдата која во вака мала количина, само го збогатува вкусот, наместо да доминира.

И еве го рецептот:

2 шолји брашно

пола шолја кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

2 лажички прашок за пециво

1 шолја гриз или пола гриз/пола хељдино брашно

3/4 шолја ладно цедено сончогледово масло

сок и кора од 1 портокал

2 шолји кисела вода

100 г мак

20-30 г чиа семе

слатко од дуњи за премачкување и 1 портокал за украсување

2 -3 лажички кокосово масло за подмачкувње на тепсијата

Приготвување:

Ставете го чиа семето во шолја вода (во киселата вода) и оставете го десетина минути. Потоа додадете го во останатите суви состојки кои претходно треба да ги измешате во еден сад. Додадете ја и другата шолја кисела вода, маслото, сокот и кората од портокал и макот.

Измешајте убаво со лажица и истурете ја смесата во подмачкана тепсија (не мора да го топите кокосовото масло, само расфрлете ги парченцата по дното од тепсијата.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути, а потоа уште 20 на 180.

Кога е готово и малку ќе се олади, превртете го колачот во чинија и додека е уште топло,премачкајте го

со слатко од дуњи. Украсете со парчиња портокал.