Палента за сите возрасти и за добро здравје

Фото: Unsplash
574

Палентата содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се одговорни за подобро функционирање на нашите црева. Пченката содржи и големи количини на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Пченкарното брашно или гризот многу позитивно влијаат на општото здравје на луѓето.

Палентата не содржи глутен, па затоа е погодна за сите оние кои се соочуваат со преосетливост на глутен, заситува и се препорачува за сите возрасти. Многумина од вас се сеќаваат на тоа од детството, но ако до сега верувавте дека палентата најмногу е поврзана со храна за бебиња, веднаш ќе ви кажеме дека сте во голема заблуда.

Палентата сама по себе е вкусна, но со соодветна подготовка, омилени зачини и добар прилог може да биде многу повеќе од вкусен оброк. Ваквиот оброк е исклучително хранлив, полн со добри влакна, минерали и витамини. Вкусно и добро за здравјето – што повеќе да посакате од еден оброк?!

Здравствени придобивки од палентата

Палентата содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се одговорни за подобро функционирање на нашите црева. Пченката содржи и големи количини на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има многу малку калории, па затоа е идеален оброк за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници кои се препорачуваат за консумирање, бидејќи се подготвува брзо и лесно, вкусот ѝ е многу благ и пријатен, заситува, а притоа не создава чувство на тежина во стомакот.

Палентата ги зајакнува и клетките на дебелото црево, што е уште една причина за нејзината консумација. Покрај тоа што ќе ги зајакне, палентата ќе има и антиоксидантно дејство на целиот организам, а не само на цревата.

Палента го намалува холестеролот поради добрите масти кои ги содржи, но содржи и добри влакна и сложени јаглехидрати кои ќе ја спречат појавата на вишок килограми.

Како правилно да се подготви палентата?

Во тенџере истурете 3,5 чаши вода.

Потоа додадете малку масло и малку сол.

Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на минимум и ставете една шолја пченкарна палента постојано мешајќи.

При мешање се препорачува употреба на дрвена лажица поради самата оксидација која може да настане при употреба на метална лажица. Исто така, нема да згрешите ако во палентата ги додадете омилените семки, зачини или зеленчук.