И од здраво може поздраво: 8 комбинации на здрава храна кои многу повеќе придонесуваат за здравјето ако се комбинираат

Фото: Unsplash
340

Некои комбинации и онака ни доаѓаат некако природно, така што повеќето нема воопшто да ве изненадат. Впрочем, нели уште баба ви ви правела кајгана со сирење, а омилена ужинка и онака ви е банана и путер од кокиритки?

Нутриционистите често велат дека комбинацијата на здрава храна е многу важна за здравјето и добрата линија. Некои јадења се вкусни и уште похранливи кога се јадат заедно. Во комбинација, некои намирници не само што имаат одличен вкус, туку ви помагаат поефикасно да ги апсорбирате хранливите материи.

Паметните споеви како оние на оваа листа работат заедно за да го извлечат најдоброто од секоја намирница. Не само што овие намирници се надополнуваат една со друга нутритивно, туку и заедно имаат одличен вкус.

Ви предлагаме осум комбинации на здрава храна кои многу повеќе придонесуваат за здравјето доколку се консумираат заедно.

Спанаќ и сок од лимон:

Комбинацијата од спанаќ и лимон помага во апсорпцијата на железото во крвта. Повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот имаат ниско ниво на железо, што доведува до зголемен ризик од мозочен удар. Зголемениот внес на железо помага да се намали болката во мускулите и да се забрза закрепнувањето на телото.

Банана и путер од кикирики:

Јаглехидратите во бананите придонесуваат за побрзо зголемување на енергијата. Бананите содржат значителни дози на калиум, кој го штити срцето, а протеините во путерот од кикирики, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

Јајца и сирење:

Жолчката е богата со витамин Д, кој предизвикува апсорпција, додека сирењето е многу богато со калциум. Резултатот од оваа комбинација е зголемена густина на коските, ги зајакнува мускулите и го подобрува варењето.

Јаболко и темно чоколадо:

Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на мали количини темно чоколадо доведува до значително намалување на крвниот притисок. Ако го комбинирате со јаболко и вашиот кардиоваскуларен систем ќе стане уште посилен. Со оваа комбинација на антиоксиданти го спречувате затнувањето на крвните садови.

Зелен чај и лимон:

Кога додавате цитрус во вашата чаша, витаминот Ц ги зачувува антиоксидативните катехини од зелениот чај, помагајќи им да го преживеат напорното патување низ вашиот дигестивен тракт до местото каде што вашето тело може да ги апсорбира. Еве зошто треба да пиете зелен чај секој ден.

Овесна каша и сок од портокал:

Комбинирањето на храна богата со витамин Ц како портокали со овесна каша е идеја за здрав појадок. Полифенолите во овесот и сокот од портокал го намалуваат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) и ги отстрануваат артериските блокади, со што се спречува срцев удар.

Грчки јогурт со банана:

Оваа комбинација ќе помогне да се апсорбираат калциумот и инсулинот. Помага во одржување на коскената минерална маса и на тој начин се покажа како идеална комбинација на храна.

Јаболко, банана и авокадо:

Оваа овошна комбинација е совршена за полнење на телото со потребната енергија за остатокот од денот. Ова овошје можете да го пробате и како оброк пред или после тренинг. Бананите и авокадото ќе му дадат на вашето тело брза енергија. Јаболката имаат висока содржина на влакна кои ќе ве држат сити долго време. Ако секое утро се будите уморни, оваа чинија со овошје е за вас.