Овошна ладна супа
Можеби сежото овошје во форма на ладна супа не е многу вообичаено во нашата кујна, ама тоа не значи дека нема да ви се допадне. Летото е вистинска сезона да ја направите својата ладна овошна супа
Летниот период кога изборот на овошје е навистина голем е вистинско време тоа да се консумира во сите можни варијанти. Можеби во оваа форма, како ладна супа од овошје баш и не е многу вообичаено кај нас, ама не значи дека не треба да пробате.
Овошјето е најдобро да се јаде пред пред оброк, а не после, како што е вообичаено во нашата култура. Јадењето овошје после јадење предизвикува ферментација. Имено, кога се консумираат после јадење, одредени овошја чекаат предолго за да им дојде редза варење, па додека се вари претходно изедената храна, овошјето се прегрева и се распаѓа до степен на гниење. Ферментацијата предизвикува чувство на надуеност, тежина во стомакот и целото тело, формирање гасови и подригнување.
Најдобро е овошјето да се јаде половина час пред оброк. Само на овој начин тоа е корисно за нас и ни обезбедува енергија.
Затоа, изненадете ги гостите со нискокалорична овошна супа како вистинско освежување во претстојните топли летни денови. Некои ги прават со кисела павлака и шеќер, но вие ви предлагаме да го избегнете шеќерот, а супата наместо со павлака, јогурт или некое лесно оризово млеко, да ја направите со течност од компот.
Во супата можете да си комбинирате самите какво овошје ќе ставите, а можете свежото овошједа го измешате и со некое суво овошје кое претходно ќе треба да го оставите во вода малку подолго зада може да набабри.
Нашата ладна супа има праски, јаболка, круши, кајсии, течност од деновиве подготвен компот од кајсии, свежо нане, суво грозје и многу, многу мраз.
Пробајте, освежително е, лесно и многу вкусно.