Не го исфрлајте од исхраната! Корисен е за превенција од малигни болести, ги чисти желудникот и цревата и го намалува притисокот

Фото: Unsplash
576

Во оваа здрава намирница можеме да уживаме во текот на целата година, а се јаде целaта. Станува збор за потценетиот праз

Благодарение на изобилството на витамин Ц и други хранливи материи, празот го чисти организмот и спречува некои болести. Старите Египќани и Грци го ценеле и како храна и како лек.

Тој е одамна популарен меѓу оние кои сакаат да ослабат или да го исчистат телото од токсини, а во него можеме да уживаме во текот на целата година. Се јаде целото растение, бидејќи листовите се особено богати со бета-каротин и витамин Ц, кој се губи при готвење или печење, па затоа се препорачува листовите да се јадат почесто сирови, на пример, во салата.

Што содржи празот?

Со 100 грама праз во организмот внегуваме само 61 ккал и 2,9 г јаглени хидрати, но затоа добиваме дури 1,8 г диетални влакна. Затоа е идеален за оние кои внимаваат на својата тежина или имаат проблеми со неправилна и тврда столица. Празот има поблаг вкус и содржи повеќе протеини од кромидот, па затоа е подобар избор за љубителите на спортот кои се грижат за своето физичко здравје и за изгледот на своите мускули. Тој е добар извор на витамини од групата Б, важни за правилното функционирање на нервите и за здравјето на кожата.

Тој е вистинско складиште на железо, манган, калиум и магнезиум, минерали кои се поврзани со здравјето на кардиоваскуларниот систем. Една од неговите највредни состојки е сулфурот, кој создава различни фитохемикалии во празот. Празот содржи тиосулфонати, кои се претвораат во сулфиди кога растението се сече или се дроби.

Сулфидите се фитохемикалии кои делуваат како природни антибиотици во организмот, па придонесуваат за превенција и третман на бактериски инфекции. Покрај тоа, тие го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, а со тоа помагаат да се зачува здравјето на срцето, мозокот и крвните садови. Познато е и дека ја зајакнуваат одбраната на организмот, корисни се во превенција од малигни заболувања и ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикацијата на организмот. Во празот има и многу есенцијални масла кои го поттикнуваат лачењето на дигестивните сокови и мокрењето, поради што е познат како голем пријател на дигестивниот и уринарниот систем. Поради своето силно диуретично дејство, оваа намирница има важно место во диеталната терапија на бубрежните заболувања. Содржи и големи количества растителна слуз, па во последно време празот се почесто се користи и како средство за искашлување.

Лековитост

Празот е многу добар затоа што ги чисти цревата, а делува веднаш штом ќе го изедете. Ги чисти желудникот и цревата од бактерии и габи кои предизвикуваат разни заболувања. Го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол и добро влијае на излачувањето на урината, ја обновува цревната флора и помага во детоксикација на организмот. Празот делува благо лаксативно, а делува и превентивно против хемороиди.

Во кујната

Празот е храна која може да се приготвува секој ден, и тоа на различни начини. Сепак, најчесто се готви и се служи со додавање на маслиново масло или путер како прилог. Традиционално се приготвува со компири и павлака како вариво, а е одличен додаток за салати, сосови и супи, сам или во комбинација со друг зеленчук. Празот можете да го динстате сам или со сланина, шунка, јајца, полжави, риба или печурки. Печениот праз е одличен во комбинација со путер и презла или полнет со сирења што лесно се топат.