Со неколку едноставни совети ќе го имате најубавото слатко, сокче и зимница без многу мака.
Дуњата припаѓа на истата фамилија на растенија како јаболката и крушите. Ретко се консумира свежа, но од дуњата може да се направи вкусен сок, компот, џем, ликер или слатко. Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, потоа витамин Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Кога од ова овошје подготвуваме јадења или зимница, на сите што сакаат дуњи им е познат еден проблем, а тоа е тврдоста на овошјето и неговата тешка обработка. Веројатно секој што направил џем или слатки од дуња се соочил со долг и тежок процес на лупење на овошјето. Затоа со вас споделуваме неколку совети кои ќе ви го олеснат приготвувањето на вкусни задоволства од ова овошје.
Пред обработката кратко сварете ја дуњата. Сите кои го пробале ова тврдат дека после тоа овошјето полесно се лупи и се сече.
Исечете го овошјето на неколку парчиња. На пример, на четири. Така полесно ќе се излупи кожата од секое парче посебно.
Користете лупач за лупење компири. Компирите се исто така тврди и лупачот ќе може да се користи и на дуњите. Но, лупачот исто така не треба да биде стара и истапена.
Не ги лупете дуњите кога се штотуку набрани. Кога плодот ќе отстои некое време, зрее и станува помек и полесен за лупење. Така ќе ви биде многу полесно да работите со него.